Хали Бери без долна облека, Зендеја и уште една актерка во ист костум - Модата на Мет гала 2025 (фото)

Зендeја, која скоро секоја година има една од највпечатливите креации, годинава дојде скоро исто облечена како актерката Ана Саваи, па многумина беа разочарани. Како изгледаше модата на Мет гала 2025?

hali-beri-bez-dolna-obleka-zendeja-i-ushte-edna-akterka-vo-ist-kostum-modata-na-met-gala-2025-foto-01.jpg

Вчеравечер (05.05) во Метрополитен музеј во Њујорк се одржа најголемиот моден настан на годината - Мет гала 2025.

Хуманитарната забава организирана од модниот магазин Vogue, а предводена од уредничката Ана Винтур, годинава беше со тема „Скроено за тебе“ (Tailored For You).

Пред фоторепортерите, продефилираа неколку стотина ѕвезди, и повеќето од нив одлично ја погодија креацијата поврзана со годинашната тема, но имаше и такви кои направија вистинско модно промашување.

Меѓу највпечатливите беше Хали Бери, која носеше секси фустан без долна облека, многу ѕвезди се појавија само по палто или корсет со голи нозе (Хејли Бибер, Сабрина Карпентер и други), a Ријана дојде во креација која го откри нејзиниот труднички стомак.

hali-beri-bez-dolna-obleka-zendeja-i-ushte-edna-akterka-vo-ist-kostum-modata-na-met-gala-2025-foto-03.jpg

Меѓу гостите издоминираа и љубовните парови, кои на настанот се појавија во впечатливи креации и модно усогласени.

Сепак, изненадување беше Зендеја, која вообичаено воодушевува со својот изглед.

Овој пат таа избра бел костум со бел шешир - скоро ист аутфит како и актерката Ана Саваи (од филмот Shogun), па двете глумици изгледаа како близначки.

hali-beri-bez-dolna-obleka-zendeja-i-ushte-edna-akterka-vo-ist-kostum-modata-na-met-gala-2025-foto-02.jpg

Погледнете ја галеријата со најдобрите и најлоши креации на Мет гала 2025:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Модата на црвениот тепих на втората вечер на „Макфест“ 2025 Што облекоа посетителите на Макфест 2025, а што облекоа водителите и учесниците?...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...
Капри панталоните се враќаат во мода во лето 2025 – од ретро парче до модерни комбинации (фото) Заборавете на сè што сте мислеле за капри панталоните – ако досега личевте старо...

Најчитани неделава