Дојде последна, откри дека е третпат бремена - Ријана издоминира на Мет гала 2025

37-годишната пејачка ја изненади јавноста кога преку тесната креација на црвениот тепих на Мет гала 2025, откри дека е третпат бремена.

dojde-posledna-otkri-deka-e-tretpat-bremena-rijana-izdominira-na-met-gala-2025-01.jpg

Мет гала, најголемиот моден настан во светот, секоја година се одржува во првиот понеделник во мај, во музејот Метрополитен во Њујорк.

Ни годинава не беше исклучок, а ѕвездите кои продефилираа на црвениот тепих се водеа од темата „Скроено за тебе“ (Tailored For You) за своите креации.

dojde-posledna-otkri-deka-e-tretpat-bremena-rijana-izdominira-na-met-gala-2025-08.jpg

Ова го испочитуваа (скоро) сите, па и Ријана, која се појави последна на црвениот тепих.

dojde-posledna-otkri-deka-e-tretpat-bremena-rijana-izdominira-na-met-gala-2025-05.jpg

Во фустан-палто и тесен корсет со потпис на Марк Џејкобс, со голем црн шешир, таа издоминира на црвениот тепих и на изненадување на сите - го покажа трудничкиот стомак.

dojde-posledna-otkri-deka-e-tretpat-bremena-rijana-izdominira-na-met-gala-2025-07.jpg

37-годишната пејачка преку тесната креација откри дека е бремена и дека го очекува третото дете со Ејсап Роки.

dojde-posledna-otkri-deka-e-tretpat-bremena-rijana-izdominira-na-met-gala-2025-03.jpg

Иако е во поодмината бременост, таа досега го криеше тоа од јавноста.

dojde-posledna-otkri-deka-e-tretpat-bremena-rijana-izdominira-na-met-gala-2025-06.jpg

На социјалните мрежи, пак, коментираат дека претпоставувале дека Ријана е бремена поради нејзиното лице, кое не е слабо и испиено, туку има свежина и големи образи.

Инаку, парот веќе ги има синовите РЗА (3) и Рајат (1).

dojde-posledna-otkri-deka-e-tretpat-bremena-rijana-izdominira-na-met-gala-2025-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брчки, подбрадок: Како изгледаат лицата на славните на Мет гала 2026, без Фотошоп и филтри? Без Фотошоп и бројни филтри, Крис Џенер сепак не изгледа како жена со 40-тина го...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Мет Дејмон (54) го покажа мускулестото тело на јахта со сопругата + која е тајната за нивниот среќен... Мет Дејмон го покажа неговото фит мускулесто тело на 54 години, додека ужива на ...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
„Парада на кретени“, „матурска за славни“: Познати личности кои ја презираат Мет галата (но не ја од... „Нема да одам никогаш повеќе! Мислев дека ќе биде гламурозно и убаво, но само бе...

Најчитани неделава