Мет Дејмон (54) го покажа мускулестото тело на јахта со сопругата + која е тајната за нивниот среќен брак?
- Детали
- петок, 15 август 2025
Мет Дејмон го покажа неговото фит мускулесто тело на 54 години, додека ужива на јахта со својата сопруга со која е речиси 20 години. Тие имаат едно правило кое секогаш го почитуваат за среќен и успешен брак.

Оскаровецот Мет Дејмон деновиве одмара од снимање филм на одмор во Шпанија и ужива на јахта.
Тој го покажа фит телото со изразени мускули, кое го одржува во форма заради улогата во филм што периодов го снима.

На јахтата го придружува неговата сопруга, со која е 19 години, како и нивни заеднички пријатели.
И неговата сопруга, Луцијана Баросо (49) исто како него, изгледа одлично во бикини, а стајлингот го дополнила со накит и каубојски шешир.

Инаку, тие важат за еден од најскладните и најсреќните парови во Холивуд, а за да го одржат бракот, имаат едно правило – односно, никогаш да не се разделени повеќе од 2 недели, независно од работните ангажмани.
Прочитајте и Романтичната приказна како Мет Дејмон ја запознал сопругата - тие се еден од најсреќните парови во Холивуд

Погледнете повеќе фотки од Мет Дејмон на јахта во Шпанија:








M. M. | Црнобело
