Дозвола за проститутки, отворен брак: Бизарни брачни договори на славните (кои завршиле со солзи)
- Детали
- сабота, 01 ноември 2025
Иако пробуваат да негираат, Вил Смит и Џејда имаат отворен брак. Но, ова изгледа еднострано бидејќи според некои извори, само Џејда е таа што ги користи привилегиите од договорот.

Доста често славните парови прават несекојдневни договори, како на пример дозвола да се изневеруваат.
Ако и двајцата го сакаат тоа, тогаш веројатно не треба да им претставува проблем.
Но, многу почести се ситуациите каде што само едниот партнер сака отворена врска или дозвола да изневерува, додека другиот страда, но прифаќа за да не го изгуби.
Неколку славни парови кои спаѓаат овде:
Вил и Џејда Пинкет Смит
Уште пред цела деценија се шпекулираше дека Џејда и Вил имаат отворен брак.
Во 2013 година, Џејда како да се обиде да ги запре гласините, но со изјавата уште повеќе ја забуни јавноста:
„Отсекогаш сум му велела на Вил – може да прави што сака, сè додека потоа може да се погледне во огледало и да биде во ред“.
Гласините повторно се разгореа околу 2020 година, кога Џејда призна дека имала афера, и тоа со пријател на нивниот син.
По ова откритие, јавноста почна да „копа“ по старите изјави на Џејда и Вил кои донекаде потврдуваат дека тие сепак имаат отворен брак.
Во Фејсбук објава, Џејда изјави дека ако сакате некој, не значи дека го поседувате и не можете да му забраните да прави што сака.
„Вил и јас можеме да правиме што сакаме, бидејќи си веруваме. Ова не мора да значи дека имаме отворена врска, туку зрела“.
По признанието за аферата на Џејда, почна да се шпекулира и за други наводни афери и на двајцата, иако тие стојат на ставот дека не се изневеруваат.
Сепак, познато е дека Вил се чувствувал посрамотено од изјавите на Џејда и дека не му е сеедно за нејзината афера.
Деми Мур и Ештон Кучер
Деми Мур има изјавено дека кога ја почнала врската со 21 година помладиот актер, сакала да му покаже дека може да биде забавна.
„Тој ми беше приоритет, па кога сподели дека сака трета личност во нашиот кревет, не го одбив“, откри актерката во нејзините мемоари.
Но, сексот во тројка воопшто не ѝ се допаѓал на Деми и вели дека се чувствувала засрамено.
Сепак, таа продолжила да му ја исполнува желбата, а со текот на времето, вели дека ова го поттикнало и да ја изневерува.
Актерката вели дека уште полошо е тоа што Ештон самиот ѝ признал дека тоа што Деми се согласила на тројка, го охрабрило да ја изневерува.
Ештон и Деми се разведоа во 2011 година, а овој брак се одразил мошне лошо врз нејзината ментална состојба.
