„It’s Friday со Златен Даб“: Голема наградна игра на Прилепска Пиварница од 1 јули до 25 август 2023

Златен Даб ова лето го прави уште позабавно и поосвежително за своите фанови!

its-friday-so-zlaten-dab-golema-nagradna-igra-na-prilepska-pivarnica-od-1-juli-do-25-avgust-2023.jpg

Од утре, 1 јули 2023 година, започнува големата наградна игра „It’s Friday со Златен Даб“. Во наградната игра учествуваат пакувањата на Златен Даб со специјално дизајнирана етикета за наградната игра, односно шишињата во стаклена амбалажа од 0,33 л и 0,5 л, како и шишињата во пластична амбалажа од 1,5 л.

Учеството во наградната игра е многу едноставно – со испраќање на кодот што се наоѓа под капачето!

Сите љубители на Златен Даб кои сакаат да освојат некоја од атрактивните награди, треба да го скенираат QR-кодот од етикетата што ги води до интернет-страницата www.zlatendab.mk/nagradna_igra, каде што треба да се пријават за учество во наградната игра со внесување на личните податоци (име, презиме и телефонски број) и секако да го внесат кодот што се наоѓа на внатрешната страна од капачето.

Шансите за добивка се огромни, бидејќи едно лице може да учествува во наградната игра неограничен број пати.

Повеќе од 500 атрактивни награди!

За целото времетраење на наградната игра, ќе се доделат повеќе од  500 награди, и тоа:

Дваесет и четири Iphone 14, осум Playstation 5 BlueRay Edition, осум грамофони TEAC TN-175-B, осум GARMIN часовници, осум FUJIFILM INSTAX SQUARE SQ1 камери,  осум JBL Clip 4 звучници, дваесет и четири брендирани ранци, двесте брендирани крпи и двесте и четириесет пакети Златен Даб – пакување од 6 лименки 0,5 л.

Извлекување секој петок!

Наградната игра ќе трае од 1 јули до 25 август 2023, а добитниците ќе се извлекуваат секој петок, по електронски пат, преку компјутерска селекција.

Резултатите од извлекувањето ќе бидат објавени на страницата www.zlatendab.com.mk/nagradna_igra со објавување на извлечениот код и телефонскиот број на добитникот, а добитниците на наградата ќе бидат известени преку СМС-порака.

Чувај ја СМС-пораката со известување за добитен код!

Организаторот ќе ги извести среќните добитници преку СМС-порака за видот на наградата и за начинот на подигнување. Секој учесник што ќе биде извлечен како добитник на награда, должен е да приложи доказ дека е корисник на телефонскиот број во пријавата за учество, односно да ја покаже СМС-пораката со известување за добитен код.

Организаторот ќе ги извести среќните добитници преку СМС-порака за видот на наградата и за начинот на подигнување.

Златен Даб и Прилепска Пиварница им посакуваат многу среќа на учесниците во трката за вредни награди и забавно лето на сите свои потрошувачи!

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg