Заедно до целта: MOZZART и Кочоски до уште една голема победа

zaedno-do-celta-mozzart-i-kocoski-do-uste-edna-golema-pobeda-02.jpg

Македонскиот мотоциклист Синиша Кочоски зад себе остави уште еден успешен викенд во рамки од ВМУ Европскиот шампионат.

Регионалниот лидер во приредување игри на среќа и овојпат му беше ветер во грб на Македонскиот мотоциклист.

На легендарната патека во Брно, каде до пред некоја сезона се возеше и Мото ГП, ланскиот шампион имаше нов одличен настап и потврди дека и оваа сезона ќе атакува на највисоките места во овој шампионат.

На првата трка, одржана во саботата, Кочоски прв ја мина целта и ја забележа премиерната победа оваа сезона, додека во неделната трка во последен момент ја загуби лидерската позиција и заврши на второто место.

Компанијата Mozzart  и натаму продолжува да го бодри и поддржува мотоциклистот Кочоски до нови успеси и победи.

zaedno-do-celta-mozzart-i-kocoski-do-uste-edna-golema-pobeda-01.jpg

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg