Направете го ова лето незаборавно со новиот Samsung Galaxy A54 5G

napravete-go-ova-leto-nezaboravno-so-noviot-samsung-galaxy-a54-5g-1.jpg

Летото обично е период во кој сите патуваме на убави места покрај море, на планина, откриваме нови предели, среќаваме нови луѓе и  сите секако сакаме многу од овие моменти да ги претвориме во незаборавни спомени и ги споделуваме со пријателите и семејството? Велат дека среќата се крие во малите нешта, а оваа среќа се крие во неверојатната моќ на новите паметни телефони од серијата А.

Извонредни камери за незаборавни фотографии и видео записи кои беспрекорно ќе ја раскажат вашата приказна

Ви го претставуваме несекојдневниот уред со кој вашиот летен одмор ќе биде поразличен од другите претходно. Samsung Galaxy A54 5G поседува камери кои дополнително ќе ве инспирираат и функции кои ќе ви обезбедуваат исклучителен квалитет на фотографиите и видеата, дури и во намалени услови на осветлување. Користејќи ја најсовремената технологија Nightography и поддршка за вештачка интелигенција, овој телефони ќе направите исклучително јасни, детални и живописни слики дури и кога сонцето заоѓа и владее темнината. Без разлика колку долго ќе траат вашите авантури во ноќта, вашите моменти исполнети со забава и адреналин ќе блескаат, без разлика на условите на осветлување.

Сепак, не се само задните камери кои ќе ве импресионираат, туку и предната селфи камера на Galaxy A54 5G е исто така извонредна. Со резолуција од 32 MP, снима неверојатни детали, овозможувајќи ви да остварувате висококвалитетни видео повици и да ги споделувате вашите авантури со пријателите и саканите во реално време. Замислете како го покажувате вашето offroad возење со велосипедот во планината што предизвикува адреналин, или ја споделувате радоста од освојувањето на предизвикувачка патека за пешачење додека се вклучувате во кристално чисти видео разговори.

Новиот Galaxy А54 5G ви овозможува видеа со неспоредлива јасност секој пат коѓа ќе сакате да снимите акциски снимки во движење. Благодарение на подобрената оптичка стабилизација на сликата (OIS) и видео дигиталната стабилизација на сликата (VDIS), можете да се збогувате со нејасни и заматени слики. Не е важно дали трчате по стрмна падина, или скокате од карпа во длабокото сино море, вашите видеа ќе бидат живописни, јасни и неверојатно привлечни. Доколку сакате да направите корекција или да ја надградите содржината, на располагање ви се подобрени алатки за уредување фотографии. Со овие функции за уредување, можете да ги елиминирате несаканите сенки и рефлексии и да се погрижите секоја слика да ја раскажува вашата приказна беспрекорно.

napravete-go-ova-leto-nezaboravno-so-noviot-samsung-galaxy-a54-5g-2.jpg

Живописен екран, долготрајна батерија и супериорно 5G поврзување е сé што ви треба

Се разбира, сите ваши извонредни слики и видеа бараат живописни екрани кои јасно прикажуваат содржини, дури и под силна сончева светлина. Galaxy A54 5G има 16,2-сантиметар (6,4-инчен) FHD+ Infinity Display O екран, кој ќе ви обезбеди одлична видливост и извонредно доживување при гледањето со што ќе можете повторно да ги доживеете вашите авантури во сета нивна слава.

На летните патувања потребен ви е телефон што ќе биде во чекор со вашиот активен одмор. Затоа Samsung го опреми Galaxy A54 5G со моќна батерија со неверојатни 5.000 mAh капацитет на батеријата со што овој телефон без проблем ќе издржи повеќе од два дена со едно полнење. Така, можете да го оставите полначот дома и да продолжите да ги поместувате границите, без да се грижите дека ќе останете без батерија.

Знаеме дека денес, во овој динамичен свет, поврзаноста е клучна. Препознавајќи го ова, Samsung го направи приоритет испорачувањето на супериорно 5G поврзување во своите уреди од серијата А, осигурувајќи дека корисниците можат да уживаат во придобивките од поврзувањето од следната генерација по прифатлива цена.

napravete-go-ova-leto-nezaboravno-so-noviot-samsung-galaxy-a54-5g-3.jpg

Дали сте подготвени за незаборавни авантури ова лето?

Имаме одлична промотивна понуда за вас која ќе ви овозможи да ги зачувате вашите најдобри моменти! За секој што има или ќе купи телефон од Samsung Galaxy A серијата, му следува специјален подарок - шестмесечна бесплатна пробна верзија на Microsoft 365 Basic OneDrive со дури 100 GB простор за складирање во клауд! Со овој подарок, ќе имате доволно простор за складирање на сите ваши убави фотографии, видеа и спомени снимени за време на вашите летни авантури. Без разлика дали се фрлате во кристално-чистото море, возите велосипед низ шумата, или истражувате живописни пешачки патеки, секој момент ќе можете да го зачувате без грижа.

Но подобностите кои ги нудат телефоните од Samsung Galaxy A серијата не завршуваат тука, туку на располагање ви уште едно бесценето искуство! Уште една специјална понуда ви следи со новиот телефон, со која ќе можете да ги искористите предностите на двомесечниот бесплатен пробен период на претплата на YouTube Premium, во кој ќе можете да уживате во вашите омилени видеа без реклами, каде било и во секое време. Не грижете се за Wi-Fi мрежата, бидејќи сепак ќе можете да уживате во омилената содржина во природа, далеку од градската гужва. Не пропуштајте ја шансата да го зачините ова лето со бесплатен пристап до YouTube Premium.

Повеќе информации за уредите прочитајте на следните линкови:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-a/galaxy-a54-5g-green-128gb-sm-a546blgceuc/

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-a/galaxy-a34-5g-lime-128gb-sm-a346blgaeuc/

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg