Добредојдовте во новата ера на телефони на преклоп: Samsung Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5

samsung-galaxy-z-flip5-galaxy-z-fold5-01.jpg

Мобилниот телефон за секој од нас одамна веќе не ни служи само за телефонски повици, СМС комуникација, за сурфање или за социјални мрежи, туку во денешно време тој на еден начин претставува и дел од нашата личност. Во мобилниот телефон чуваме се што ни е важно и со негова помош ги завршуваме повеќето секојдневни обврски. Затоа, со право очекуваме многу од телефонот – да биде совршен за сè - голем за секојдневни работи и мал за да ни се вклопи во џебот. И тука настапува петтата генерација на Galaxy flip уреди Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5, со камера со која ќе правите селфи фотки дури и од невозможни агли, со батерија која нема да ве изневери, дизајн што ќе привлече сечии очи. Со еден збор – ќе се чувствувате моќно!

Galaxy Z Flip5 со повеќе можности од кога било досега!

samsung-galaxy-z-flip5-galaxy-z-fold5-02.jpg

Samsung го унапреди Flip5 првенствено со нов надворешен екран, кој е драстично поголем од оној на неговиот претходник. Новата шарка на овие телефони им овозможува целосно затворање наместо да остават празнина, што ги прави попрактични, но и стилски.

Galaxy Z Flip5, мерено дијагонално, има надворешен екран од 3,4 инчи во целосна правоаголна форма, а реалната видлива површина е приближно 95% од вкупната површина.

samsung-galaxy-z-flip5-galaxy-z-fold5-03.jpg

Кога е затворен Galaxy Z Flip5 нуди повеќе можности од кога било досега. Преку Flex Window ќе можете брзо и лесно да пристапите до важните информации. Со помош на виџетот, лесно ќе го проверувате времето, ќе ја контролирате репродукцијата на музика за да ги слушате омилените песни со помош на Media Controller функцијата, како и да ги следите најновите ажурирања на глобалната берза преку додатокот Google Finance доколку тоа ве интересира. Со еден поглед ќе можете да ги прегледате сите графички контроли, додека истовремено се префрлате од една во друга со активирање на функцијата Multi Widget View. Зарем не е супер?

samsung-galaxy-z-flip5-galaxy-z-fold5-04.jpg

Можете лесно да ги проверувате известувањата и да пристапите до брзите поставки за Wi-Fi или Bluetooth. Без да треба да го отворате уредот, можете да ја прегледате историјата на повици за да враќате пропуштени повици и да одговарате на пораки во движење користејќи Quick Reply со целосна QWERTY тастатура и приказ на историја на повици.

Дизајнот и обликот се нешто што дефинитивно најмногу ќе ви падне во око и нема да ве остави рамнодушни. Но Galaxy Z Flip5 исто така нуди најразновидно искуство со камерата на паметен телефон Samsung Galaxy. Благодарение на поголемиот Flex Window екран, ќе можете да правите висококвалитетни селфи фотографии со помош на задната камера, или пак да снимате импресивни фотографии без раце и од креативни агли со FlexCam, додека режимот Flex ќе ви овозможи брзо и лесно гледање и уредување на снимката. Можете лесно да прегледувате, да го прилагодите тонот на бојата или да бришете слики на екранот Flex Window користејќи ја опцијата за брз преглед. Кога фотографирате пријатели, Dual Preview им овозможува да се гледаат на екранот Flex Window, каде што можат да направат прилагодувања во реално време за совршени снимки. Со Super Steady стабилизацијата на камерата, корисниците можат да добијат непречени снимки во движење, додека со Auto Framing, никој нема да биде исклучен од фотографијата.

samsung-galaxy-z-flip5-galaxy-z-fold5-05.jpg

Со подобрени решенија за вештачка интелигенција, можете да внесете живот во секоја фотографија. Оваа опција ја поттикнува и носи креативноста дури и во услови на слаба осветленост со дополнително подобрени можности за Nightography што ги оптимизира фотографиите и видеата во услови на амбиентално осветлување. Алгоритмот за обработка на слика (ISP) со вештачка интелигенција го коригира секој визуелен шум што обично ги нарушува фотографиите направени во услови на слаба осветленост, истовремено подобрувајќи ги деталите и тонот на бојата, при што фотографиите уште од далеку изгледаат многу појасни со дигиталниот зум од 10x.

Преклоплив и моќен - Galaxy Z Fold5

Galaxy Z Fold5 нуди импресивен, голем екран и долготрајна батерија во најтенката и најлесната верзија на уредот Fold досега, така што Galaxy Z Fold5 е едноставен да го носите насекаде.

Подобрената лента со задачи со сигурност ќе ви обезбеди динамична продуктивност дозволувајќи ви брзо да се префрлате помеѓу често користените апликации. За поефикасна работа, сега се достапни до четири неодамна користени апликации. Дополнително подобрената функционалност за влечење и спуштање со две раце може да ја зголеми продуктивноста при преместување содржина помеѓу апликации и екрани.

Гејмерите особено ќе уживаат, бидејќи мобилната платформа ја подобрува графиката и користи вештачка интелигенција за да овозможи динамична игра и multi-game функционалност.

;

Тука e и пенкалото S Pen Fold Edition, дополнително приспособено за да ви овозможи извонредно искуство за пишување на уредот Galaxy Z Fold5. Овие функции и алатки се комбинираат за да обезбедат моќна продуктивност на големиот екран и да ви овозможат да ги завршувате важните задачи каде и да сте.

И не мора да сте на одредено место за да го користите својот Galaxy Z Fold5  – тоа можете да го правите и во движење благодарение на главниот екран од 7,6 инчи кој ви овозможува простран и непрекинат приказ за да уживате во своите омилени филмови или серии, видеа или игри. Дополнително, максималната осветленост е зголемена за повеќе од 30%, до 1750 нити, што го прави идеален за користење и гледање на екранот на отворено, да речеме на плажа, дури и при силна сончева светлина.

Изберете боја која најмногу одговара на вашиот стил

Galaxy Z Flip5 и Galaxy Z Fold5 се веќе достапни кај нас и тоа на промотивна акција.  Galaxy Z Flip5 может да го имате во ментол зелена боја, графитна, крем и лаванда, додека Galaxy Z Fold5 во ледено сина, фантомско црна и крем боја. 

samsung-galaxy-z-flip5-galaxy-z-fold5-06_copy.jpg

Заедно со лансирањето на овие нови Foldables телефони, Samsung ги претстави и најновите модели на паметни рачни часовници Galaxy Watch6 и Galaxy Watch6 Classic со подобрени перформаси за следење на вашите спортски активности, одржување здрав начин на живот и здрав сон,  како и новата Galaxy серија таблети – Galaxy Tab S9Galaxy Tab S9+ и  Galaxy Tab S9 Ultra како одлични уреди кои можата ви бидат замена за вашиот компјутер или лаптоп, особено ако вашето секојдневие ви налага постојано да бидете во движење. Не зборавајте да ги погледнете и овие уреди и сите придобивки кои тие можат да ви ги понудат!

Повеќе информации за новата Galaxy серија на уреди дознајте на следниве линкови:

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-flip5/

https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-z-fold5/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-40mm-gold-bt-sm-r930nzeaeuc/

https://www.samsung.com/mk/watches/galaxy-watch/galaxy-watch6-classic-43mm-silver-bt-sm-r950nzsaeuc/

https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-wi-fi-graphite-128gb-sm-x710nzaaeuc/

https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-plus-wi-fi-graphite-256gb-sm-x810nzaaeuc/

https://www.samsung.com/mk/tablets/galaxy-tab-s/galaxy-tab-s9-ultra-wi-fi-graphite-256gb-sm-x910nzaaeuc/

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg