Слабеење без диета - дали е можно?

slabeenje-bez-dieta-dali-e-mozhno-01.jpg

Дебелината и прекумерната телесна тежина е здравствен проблем од пандемиски размери. Стотици милиони лица ширум светот секојдневно се измачуваат со некој  вид диета и слабеење во надеж да го изгубат вишокот на килограми, да го подобрат своето здравје и физички изглед. Исто толку се разочаруваат од неуспехот надевајки се на некоја нова диета и некое ново чудотворно решение за слабеење?

Отстранување на заблудите за диетите

Дали диетите се вистинско, одржливо решение за регулирање на тежината? Нутриционистот Сашко Дрвошански, главен консултант и менаџер за развој на продукти и едукација во природни суплементи Naturatherapy.mk едногласно одговара - НЕ. Ни една диета, сфатена во смисла на краткотраен програм и присилен режим на исхрана, не е решение за долгорочно регулирање на тежината. Со ваков начин на водење на „диета“ секогаш завршуваме со добро познатиот „јо-јо“ ефект - намалување на одредена тежина за одредено време, достигнување на плато и постепено враќање на истата или качување на уште повеќе килограми. 

slabeenje-bez-dieta-dali-e-mozhno-03.jpg

Стратегии за губење на тежината без диета!

Согласно препораките на нутриционистот Дрвошански лицата со прекумерна тежина треба да се фокусираат на промени во животниот стил, кои ќе се применат системски и ќе направат долготрајни суштински промени и во начинот на размислување и во начинот на однесување на овие лица. Или едноставно кажано не треба да размислуваме на диета како на краткотраен проект, туку како на нов стил на живот кој сфесно ќе го прифатиме, а во што може да ни помогнат и некои природни суплементи.

Разбирање на улогата на калорискиот дефицит во губење на тежината

И фитнес тренерите и нутриционистите и основните закони на физиката кажуваат дека за слабеење неопходно е да постигнеме калориски дефицит! Тоа значи енергетската или калориска вредност на внесената храна треба да бде помал од метаболната потрошувачка на телото. Само во услови на дефицит, телото ќе биде приморано да активира маханизми за согорување на складираните енергенси триглицеридите, односно масните киселини од адипоцитното ткиво. Постојат два основни начини за постигнување на калориски дефицит потребен за слабеење:

  • Да го намалиме внесот на храна, во споредба со стандардниот внес и
  • Да ја зголемиме потрошувачката на енергија, односно согорувањето на енергијата, што значи додадена пред се физичка активност на телото.

Нутриционистот Дрвошански укажува на важноста  калорискиот дефицит да се интегрира стратешки во исхраната, затоа што силната рестрикција на калории од храната кое трае повеќе денови, ќе ве внесе во режим на гладување што го успорува метаболизмот и го блокира слабеењето. Наместо тоа скратете го внесот на храна секој втор ден, или внесете до 600кКал 2 пати во неделата а другите денови не ги бројте калориите, или едноставно ограничете го времето на внес на храна „intermittent fasting“ што природно ќе ја поддржи калориската рестрикција и ќе го олесни слабеењето.

slabeenje-bez-dieta-dali-e-mozhno-02.jpg

Градење на активен животен стил

Градењето на активан животен стил значи промени во начинот на живот. Се додека самите се тераме, или некој тренер не тера на сила да направиме некој тренинг или серија вежби кои едвај чекаме да поминат за да седнеме на каучот и се вратиме на гледањето серии или насладување на храната, слабеењето може да биде само мало и краткотрајно. Согласно препораките на нутриционистот Дрвошански, скелетните мускули се најголеми потрошувачи на енергија. Тие успешно можат да ги согорат дури и повремениот прекумерен внес на јаглехидрати и шеќери од храната. Но, тоа значи движење, секогаш и секаде кога можеме. Активниот животен стил значи редовно пешачење, избегнување на автомобилот или такси возила секогаш кога е можно, прошетка во парк, возење точак, користење на скалите наместо лифтот или елеваторот. Доколку на сето ова се одлучите и за вистинска активност, како редовна посета на теретана или фитнес центар, вежбање на јога, пилатес, аеробик или друг вид на тренинг кој ќе биде дел од вашето секојдневие и планирани обврски, тогаш слабеењето ќе дојде и без размислување за диета, без напор и измачување.

Создавање на балансирана чинија

Диетите често се фокусираат на доминантен внес на само еден вид нутриенти. Доколку во оброкот доминираат јаглехидратите (храна богата со шеќери, житарки, ориз, компир и тестенини) го активирате хормонот инсулин кој го активира и хормонот за глад и го стимулира складирањето масти, што значи за кратко повторно сте гладни а складирате масти. Еко внесете и многу масти и многу јаглехидрати, многу веројатно дека едни од овие макронутриенти ќе го надминат потребниот калориски внес и повторно ќе предизвикаат складирање на масти во телото. Нутриционистите се клучни во исхраната, од аспект на слабеење и регулирање на тежината, бидејки тие го активираат чувството на ситост во мозокот и имаат најгоем термоген ефект во телото - вели нутриционистот Дрвошански. Неговата препорака е исхраната да обезбеди рамнотежа на 3те макронутриенти (протеини, масти и јаглехидрати). Кога сакаме дефицит, да ги намалиме јаглехидратите за намалување на калорискиот внес, но да ги задржиме протеините. А според Дрвошански доколку внесеме повеќе растителни влакна, ќе обезбедиме уште поголема ситост, ќе ја успориме дигестијата и апсорпцијата и на мастите и на јаглехидратите со што ќе внесеме помалку калории што е потребно за слабеење.

Здравата и балансирана исхрана секако наметнува и оптимален внес на микронутриенти (минерали, витамини и антиоксиданти) кои иако немаат калориска вредност се важни во регулирање на метаболизмот и со тоа и слабеењето.

slabeenje-bez-dieta-dali-e-mozhno-04.jpg

Квалитетен сон и управување со стресот

Секојдневниот стрес во животот е непријател на слабеењето. Според Дрвошански, секојдневниот стрес го активира коризолот - хормонот на стрес кој исто така го активира и инсулинот и го блокира согорувањето на калориите и слабеењето. Сличен негативен ефект има и недостатокот од сон, односно наквалитетниот сон, кој исто го пореметува кортизолот, хормоните и ја зголемува инсулинската резистенција. 

Затоа, како што кажавме избегнувајте диета, а неместо тоа изградете нов стил на живот во кој покрај физичката активност и избалансираната исхрана ќе вметнете и практики за контрола и справување со стресот како медитација, јога и други форми на релаксација. За крај препорачуваме, за да успеете во слебеењето, без непотребните диети и гладувања, поставете јасни цели, направете план и визуелизирајте ја целта - тоа ќе ви помогне да ја остварите поефикасно и побрзо.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg