Халкбанк постави уникатен банкомат во срцето на Охрид

Халкбанк, банката што е препознатлива по своите иновативни интервенции на јавни простори, постави уште еден уникатен објект во срцето на Охридската чаршија.

halkbank-postavi-unikaten-bankomat-vo-srceto-na-ohrid-01.jpg

Овој пат станува збор за банкомат што, всушност, е реплика на традиционална охридска куќа, еден од симболите што овој туристички град го прават препознатлив и уникатен.

АТМ_Охрид_4.jpg

Овој банкомат, во кој се искористени сите елементи од традиционалната охридска куќа, изобилува со детали според кои оваа градба е светски препознатлива: фасадата, чардаците, препознатливите прозорци...

„Градската архитектура во Охрид има клучно место во културното наследство на градот и на нашата држава. Старите охридски куќи се надалеку познати и впишани во светската култура и архитектура, а за нив се интересирале голем број архитекти и патописци што престојувале во Охрид. Токму тој момент беше инспирација за нас и за нашата креативна агенција Меккен Скопје, па со овој мал гест решивме да оддадеме почит на богатата историја што ја има овој град, кој освен туристичко, претставува и културно јадро на овие простори“, вели Маја Наумовска-Савеска, директорка на корпоративни и маркетинг-комуникации во Халкбанк АД Скопје. „На овој начин, секој корисник на Халкбанк, а и секој посетител на Охридската чаршија ќе има уште една можност одблизу да го почувствува духот на охридската традиција“, додава таа.

АТМ_Охрид_5.jpg

Од Банката уште додаваат и дека ќе го продолжат овој тренд на разубавување јавни простори во различни градови низ Македонија.

Фотографии: Стојан Стојановски

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg