Teleperformance го „носи“ Октоберфест во Скопје

Teleperformance, водечка глобална компанија во областа на обезбедување на кориснички услуги, гордо го најавува својот настан Октоберфест, кој ќе се одржи во петок, 29ти септември 2023 година, со почеток во 17:00 часот, во просториите на компанијата во Скопје. Овој настан е дел од низата активности кои компанијата ги презема за градење на тимски дух и задоволство на вработените.

teleperformance-go-nosi-oktoberfest-vo-skopje-01.jpg

Октоберфест е најголемиот и најпознатиот пивски фестивал во светот, кој обично се одржува во Минхен, Германија. Teleperformance го пренесува духот на Октоберфест во своите простории во Скопје. За време на настанот, вработените ќе имаат можност да се забавуваат со различни активности, вкусни германски специјалитети и, секако, пиво.

Специјалните активности на настанот вклучуваат дегустација на пиво – гостите ќе можат да уживаат во различни видови на германско пиво проследено со вкусни германски специјалитети. Дополнително, настанот ќе биде придружен со одлична музика која ќе ја долови одличната атмосфера и тимски дух која владее во Teleperformance.

„Настанот Октоберфест е можност за нашите вработени да се релаксираат и да се забавуваат, а истовремено и да се запознаеме со нови кандидати кои сакаат да ни се приклучат во големото семејство на Teleperformance. Ние сме посветени на креирање на пријатна и поттикнувачка работна средина, а овие настани се само дел од активностите преку кои го постигнуваме тоа“, изјави Надица Ставрова, HR Бизнис партнер на Teleperformance во Македонија и Босна и Херцеговина.

На овој настан освен вработените на Teleperformance Скопје кои сакаат да го прослават Октоберфест заедно со своите колеги и пријатели, се поканети и сите други кои зборуваат германски јазик и би сакале да станат дел од оваа успешна компанија.

„Очекуваме дека ова ќе биде неповторливо и весело искуство за сите“, вели Надица.

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg