„Поради сообраќајка 2 години живеев без чело – ми направија реконструкција, но уште чувствувам последици“
- Детали
- недела, 21 септември 2025
Пред околу 19 години, жена од Ирска доживеала сообраќајка, а бидејќи повредите на главата ѝ биле толку сериозни, лекарите хируршки ѝ го отстраниле челото. По две години ѝ направиле реконструкција и денес не се ни познава дека преживеала нешто толку страшно. Но, сепак, уште чувствува главоболки и има проблеми со фокусот и сеќавањето.

Грони Кили од Ирска е вистинско медицинско чудо бидејќи по сообраќајка, цели две години живеела без чело.
Во 2006 година, Грони и нејзиниот дечко возеле по замрзнат автопат, кога тој изгубил контрола над возилото.
Грони седела на совозачкото седиште, а нозете и биле качени на контролната табла. Па, кога автомобилот удрил во ѕид и се отворило безбедносното перниче, со колената се удрила во челото.
Нејзините повреди биле толку сериозни, што лекарите немале друг избор освен хируршки да ѝ го отстранат челото.
Па, Горни живеела две години без чело, додека да ѝ биде направена операција за реконструкција.
Кога се случила несреќата, Грони имала само 22 години, а ѝ биле направено вкупно 16 операции.
Во 2009 година челото ѝ било реконструирано и денес речиси и да не се познава дека некогаш имала толку сериозна повреда.
Дечкото на Грони возел со брзина од околу 50 километри на час и тој поминал со минимални повреди.
Па, Грони вели дека ѝ е јасно дека нејзините повреди се поради начинот на којшто седела.
Поради своето искуство, по закрепнувањето, таа почнала да се залага за зголемување на безбедноста во сообраќајот.