LISCA со голема гала модна ревија го прослави својот 70-годишен јубилеј
- Детали
- петок, 21 ноември 2025
Модниот настан започна со ретроспектива на парчиња долна облека, создадени во далечната 1955 година, кои ја потсетија публиката на почетоците на брендот. Со елеганција и во магичен амбиент, ревијата ја спои историјата со современоста, претставувајќи ја колекцијата пролет/лето 2026 — тренд за елеганција и стил.
Во Љубљана, пред повеќе од 700 гости, LISCA приреди незаборавен визуелен и емоционален спектакл, кој ја спои модата, уметноста и современата женственост во едно. Секоја секунда на оваа гала ревија беше исполнета со елеганција и динамика, која ги воодушевуваше присутните.
Вечерта беше исполнета со магија, преку тивките детали, совршената естетика и моќната порака што одекнуваше во секој чекор на пистата Living my Life.
Lisca е омаж на жената денес – смела, елегантна, автентична.
Од нежни пастелни нијанси до впечатливи акцентни тонови; од префинети, внимателно моделирани кроеви до силуети што дишат удобност и самодоверба. Креации создадени да ѝ дозволат на секоја жена да се чувствува онака како што навистина е – слободна, самоуверена, смела…
Приказната на LISCA продолжува да се пишува со уникатен стил и силен став, како вечен израз на женската елеганција.