„Таму кај што си“ – песна што три децении ги поврзува луѓето, денес дел од новата приказна на ПроКредит Банка

Некои песни го одбележуваат времето во кое се создадени, а ретки се оние што успеваат вистински да го надживеат. „Таму кај што си“ на Ристо Самарџиев е токму таков феномен кој и по речиси три децении останува подеднакво близок до луѓето, будејќи ги истите емоции и чувството на припадност кај различни генерации. Но, како еден музички код од крајот на минатиот век денес прерасна во совршен спој со концептот на новата кампања на ПроКредит Банка?

tamu-kaj-shto-si-pesna-shto-tri-decenii-gi-povrzuva-lugjeto-denes-del-od-novata-prikazna-na-prokredit-banka-01_copy.jpg

Приказната нè враќа во пролетта 1997 година, во период кога по завршувањето на еден творечки циклус со групата „Меморија“, Самарџиев одлучува да ја реализира својата визија. Како што објаснува тој, за раѓањето на оваа песна било потребно време. „Инспирацијата може да е миг, воедно инспирацијата може да биде нешто што тлеело подолг период... тлеело, зреело и созревало. Во однос на ‘Таму кај што си’ се работи за двете нешта. Стоела некоја идеја прикачена за мене и во еден вистински миг, добива целосен облик,“ се присетува Самарџиев.

Од едно едноставно демо снимено само со глас и гитара, се раѓа композицијата која набрзо потоа ќе триумфира на сцената на Макфест во Штип. Но, авторот искрено признава дека во тој момент немал претстава каков хит има во рацете: „Дека 30 години ќе биде хит?! На крај памет... Знаев дека песната има одлична енергија, а тоа се осети уште во студиото кај Зеко, кога Кокан Димушевски го постави аранжманот... Лудница во студио, но никој со сигурност не може да биде сигурен како ќе биде прифатена,“ раскажува тој.

tamu-kaj-shto-si-pesna-shto-tri-decenii-gi-povrzuva-lugjeto-denes-del-od-novata-prikazna-na-prokredit-banka-02.JPG

Сепак, првата вистинска потврда дека песната има посебна моќ стигнала уште пред фестивалскиот настап, и тоа на најавтентичното можно место, во кафеаната. „Се случи една вечер во позната скопска кафеана, кога сосема случајно беше пуштена пред група луѓе, да ја завртат 15-тина пати. На столиците веќе никој не седеше, туку сите беа качени по масите... Лудо! Треба да одам на фестивалска сцена која бара малку поинаква музичка енергија, а овде кафеаната збрлавена од таа песна,“ со насмевка раскажува Ристо.

Токму таа енергија ѝ овозможи на песната да ги надмине границите и да одекне ширум светот, меѓу кои и импресивната Опера Хаус во Сиднеј. Зад ваков успех, Ристо вели дека стои едноставна формула за долговечност на еден хит: „Хит песните и мега хит песните се нешто што не се објаснува... Треба да се погодат и да се вклопат многу коцки. Но во секој случај едно нешто е неопходно. А тоа е искреноста. Не постои хит ако не е исполнет овој прв најважен и нужен услов... Ако во сето тоа недостасува искреност, сè е џабе.“

Денес, речиси три децении по нејзиното создавање, „Таму кај што си“ продолжува да живее не само како еден од најпрепознатливите домашни хитови, туку како универзална порака. Порака која постојано нè потсетува дека најважните работи, како блискоста, поврзаноста и сигурноста, секогаш се таму каде што сме ние. Токму таа емоција е причината зошто овој легендарен рефрен природно стана централен мотив во новата кампања на ПроКредит Банка.

tamu-kaj-shto-si-pesna-shto-tri-decenii-gi-povrzuva-lugjeto-denes-del-od-novata-prikazna-na-prokredit-banka-03.JPG

Иако, кога првпат му била предложена идејата, реакцијата на Самарџиев била искрено изненадување. „Во прв миг ми беше чудно, затоа што една песна од пред 30-тина години треба да биде слоган за нова модерна кампања на една голема и модерна банка. Си велам модерно време?! Но откако креаторите на идејата ми го објаснија целиот концепт за спој на нови идеи, ново време и нешто што во себе носи една препознатлива топлина и порака, зборовите ‘Таму кај што си’ ми прозвучеа уште погласно,“ објаснува Ристо.

И навистина, суштината на овој спој е совршено логична. Она што песната го прави преку музиката, создавајќи чувство на блискост независно од километрите, ПроКредит Банка го овозможува преку својата современа мобилна апликација која ги обединува сите услуги на едно место. Идејата е клиентите да можат едноставно и сигурно да управуваат со своите финансии, имајќи ја потребната поддршка буквално таму кај што се.

Затоа, ова веќе не е само носталгичен спомен од минатото, туку жива приказна која добива своја нова димензија. А на прашањето што би сакал луѓето да почувствуваат кога повторно ќе ја слушнат песната во овој нов контекст, Самарџиев ја дава најубавата можна поента: „Колку и да се далеку, да почувствуваат блискост. Да почувствуваат убавина, сигурност, радост, топлина, љубов... Каде и да се.“

Како што самата песна останала да живее низ децениите, така и она што нè поврзува добива свој нов континуитет. А кога веќе зборуваме за вредности кои траат и работи кои секогаш се тука за вас, ПроКредит Банка ја отвори новата ера на банкарство. Преку најновата понуда, секој што ќе отвори сметка добива платежен пакет кој вклучува одржување на сметка, мобилна апликација и дебитна картичка, без трошоци, кој ве придружува каде и да сте. И тоа доживотно бесплатно, за 0 денари.

tamu-kaj-shto-si-pesna-shto-tri-decenii-gi-povrzuva-lugjeto-denes-del-od-novata-prikazna-na-prokredit-banka-04.JPG

Најчитани неделава