На 16 години се предозирала со опојни супстанци, денес е мајка и сопруга за пример – Бурното минато на Пинк, пред да стане славна

На 15 години мајка ѝ ја избркала од дома, затоа што не можела да се справи со нејзиниот бунтовен карактер. На 16 години Пинк се предозирала од опојни супстанци, а потоа целосно го променила животот. Денес таа има успешна музичка кариера и идиличен семеен живот со сопругот мотоциклист и со двете деца.

na-16-godini-se-predozirala-so-opojni-supstanci-denes-e-majka-i-sopruga-za-primer-burnoto-minato-na-pink-pred-da-stane-slavna-01.jpg

Пинк е светски позната пејачка која во моментов има 43 години. Таа е мајка на две деца и сопруга на мотоциклистот Кори Харт со кого е во брак од 2006-та година.

Таа неодамна откри дека била мошне нервозна заради мајчинството, но дека со текот на времето се вљубила во улогата.

„Не знаев дали ќе имам семејство. Не можев себеси да се замислам во таа улога, затоа што мислев дека ќе бидам ужасна мајка.

Но, мајчинството е нешто најдобро што сум го направила, навистина, вџашена сум од фактот колку станав одговорна како личност“ – рече таа.

na-16-godini-se-predozirala-so-opojni-supstanci-denes-e-majka-i-sopruga-za-primer-burnoto-minato-na-pink-pred-da-stane-slavna-02.jpg

Денес Пинк е мајка и сопруга која се труди да биде истовремено успешна и на поле кариера, а ако се земе предвид нејзиното бурно минато, јасно е зошто пејачката вели дека и самата себеси не се препознава.

Во продолжение неколку интересни факти за Пинк што можеби не сте ги знаеле:

Пинк е родена на 8-ми септември 1979-та година како Алиша Бет Мур во семејство на воен ветеран и медицинска сестра. Татко ѝ ги напуштил кога Пинк имала само седум години, но таа вели дека тој ѝ бил идол додека растела, затоа што бил мошне бунтовен и бестрашен, а исто така свирел гитара и пишувал песни.

na-16-godini-se-predozirala-so-opojni-supstanci-denes-e-majka-i-sopruga-za-primer-burnoto-minato-na-pink-pred-da-stane-slavna-03.jpg

Во една прилика Пинк откри дека татко ѝ бил злоупотребуван како дете, дека одел во католичко училиште, а потоа се пријавил во војната во Виетнам за да побегне од злоупотребувањата.

Татко ѝ вежбал карате, имал познавања од други борбени вештини, а пејачката откри дека пораснала со ракетни проектили во домот, но и дека додека растела сакала да биде како него.

На возраст од 7 години Пинк одела со татко ѝ на состаноци каде се собирале преживеаните војници од Виетнам и честопати ги слушала нивните трагични приказни, што воопшто не било лесно за девојче на таа возраст.

na-16-godini-se-predozirala-so-opojni-supstanci-denes-e-majka-i-sopruga-za-primer-burnoto-minato-na-pink-pred-da-stane-slavna-05.jpg

На возраст од 4 до 12 години се занимавала со гимнастика, а на 14 години ги напишала првите песни и веќе во истиот период имала редовни настапи во ноќен клуб во Филаделфија.

na-16-godini-se-predozirala-so-opojni-supstanci-denes-e-majka-i-sopruga-za-primer-burnoto-minato-na-pink-pred-da-stane-slavna-06.jpg

Пинк е премногу отворена за сопственото бурно минато, па призна дека на само 10 години ја пробала првата цигара, а потоа почнала да консумира алкохол и опојни супстанци, што ќе доведе на возраст од само 16 години да се предозира со дроги, по што решила целосно да го промени животот.

na-16-godini-se-predozirala-so-opojni-supstanci-denes-e-majka-i-sopruga-za-primer-burnoto-minato-na-pink-pred-da-stane-slavna-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg