Хит видео од Бред Пит како нервозно грицка чипс додека Новак Ѓоковиќ губи на Вимблдон – реакции и од Македонија
- Детали
- понеделник, 17 јули 2023
„Дали за Бред Пит времето се враќа наназад?“, „Не е возможно така да изгледа на 59 години“ – коментираат твитерџиите за фотките на холивудскиот актер кој присуствуваше на финалниот меч на Вимблдон. Славниот актер беше видно вознемирен затоа што Ноле го губи мечот, а видеото во кое нервозно грицка чипс за да се смири се прошири на социјалните мрежи.
Меѓу големиот број познати личности што вчера (17.07) се појавија на финалето на турнирот Вимблдон, беше и холивудскиот актер Бред Пит, кој успеа да го украде вниманието на присутните.
Твитерџиите се шегуваат дека 59-годишниот актер успеа да го украде шоуто, затоа што сите присутни гледаа во него, а не во мечот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарез.
Облечен во сина комбинација со очила за сонце и препознатливата фризура, актерот ги крадеше воздишките на сите жени што беа присутни на турнирот, но и на дамите кои натпреварот го следеа од малите екрани.
„Бред Пит е 3 години постар од збирот на годините меѓу Новак Ѓоковиќ (36) и Карлос Алкарез (20)“ – стои во еден од твитовите.
Но, она што најмногу привлече внимание на социјалните мрежи е моментот кога Бред, видно вознемирен затоа што Новак го губи натпреварот, почна да грицка чипс за да се смири.
Ова видео почна масовно да се споделува на социјалните мрежи, па реакции имаше и кај балканските твритерџии кои беа изненадени што згодниот холивудски актер се одлучил да консумира таков вид храна, а сепак му успева да изгледа неодоливо.
„Јаде чипс“ – стои во еден од коментарите на Твитер.
„И подобро изгледа од сите нас заедно на Твитеров“ – стои во една од реакциите од Македонија.
„И после ќе речат дека не е добар чипсот. Како не чини, види каков е дечкото, како јаболко“.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





