Што е гранично растројство на личност и за кои ѕвезди се верува дека страдаат од него?

Што е гранично растројство на личноста? Можно ли е скандалозното и самодеструктивно однесување на некои познати личности да биде резултат на проблемите со менталното здравје? За кои познати личности се верува дека страдаат од вакво нарушување?

shto-e-granichno-rastrojstvo-na-lichnost-i-za-koi-dzvezdi-se-veruva-deka-stradaat-od-nego-01.jpg

Граничното растројство на личност е ментално нарушување кое влијае врз тоа како личноста се перципира себеси и другите, па понекогаш секојдневниот живот ѝ станува неподнослив.

Луѓето што имаат вакво растројство често имаат негативна слика за себе, негативно зборуваат за себе, тешко ги контролираат однесувањето и емоциите и значајно е тоа што речиси секогаш зад себе имаат низа нестабилни врски.

Луѓето што страдаат од вакво нарушување често чувствуваат страв дека ќе бидат напуштени и не можат да поднесат да бидат сами, но контрадикторно е тоа што често ги оттурнуваат луѓето од себе заради изливите на гнев, променливото расположение и импулсивноста, иако велат дека копнеат по стабилни и долготрајни врски.

Се верува дека оваа состојба може да биде предизвикана од повеќе наследни и ненаследни фактори, а исто така, може да се јави и како последица на трауматични искуства во детството.

shto-e-granichno-rastrojstvo-na-lichnost-i-za-koi-dzvezdi-se-veruva-deka-stradaat-od-nego-05.jpg

Се верува дека вербалното, сексуалното и физичкото насилство во детството можат да бидат причинители за растројството.

Граничното растројство на личност најчесто почнува во детството и состојбата се влошува со созревањето ако не почне да се третира навреме. Сепак, за ова растројство постојат лекови и често лицата што го имаат може да функционираат добро со соодветен третман.

shto-e-granichno-rastrojstvo-na-lichnost-i-za-koi-dzvezdi-se-veruva-deka-stradaat-od-nego-04.jpg

Кои се симптомите на гранично растројство на личноста?

Самодеструктивно и импулсивно однесување

Особено кога се гневни, луѓето што страдаат од ова растројство може да почнат да се однесуваат самодеструктивно и да реагираат импулсивно.

Кај некои лица е забележано, неконтролирано прекумерно внесување храна, невнимателно и опасно возење, трошење повеќе пари отколку што можат да си дозволат, крадење од продавници, злоупотреба на опојни супстанци или вклученост во опасни сексуални ситуации.

Ваквото однесување прави да се чувствуваат подобро во моментот, но има лошо влијание врз нив и врз нивните сакани.

Постојано се сомневаат во некого и губат допир со реалноста

Овие луѓе често стануваат параноични и ги преиспитуваат намерите на луѓето околу нив. Понекогаш ваквите параноични испади се нереални и имаат чувство дека целосно загубиле допир со реалноста.

shto-e-granichno-rastrojstvo-na-lichnost-i-za-koi-dzvezdi-se-veruva-deka-stradaat-od-nego-02.jpg

Чувство на празнотија

Овие лица многу често зборуваат дека се чувствуваат празно и велат дека имаат дупка во себе. Кога им се влошува состојбата, тие се чувствуваат како никој и ништо, заради што често се свртуваат кон користење дроги, премногу секс, храна или кон она што им помага да ја пополнат празнотијата во себе.

Неочекувани промени во расположението

Кај овие луѓе се случува во еден миг да скокаат од радост, а во следниот да бидат тажни. Може да се случи да избувнат за мали работи, што на другите им се смешни или банални.

Но, кај овие луѓе, промените во расположението не траат толку долго како кај оние што страдаат од депресија или биполарно нарушување, туку само неколку минути или часови.

Експлозија на гнев

Луѓето што имаат гранично растројство често имаат „краток фитил“. Тие избувнуваат лесно и нивниот гнев е многу интензивен.

Викаат затоа што не можат да се контролираат, а често им се случува и да почнат да фрлаат предмети по домот. Честопати знае да се случи гневот да го потиснуваат во себе и да не го покажуваат.

shto-e-granichno-rastrojstvo-na-lichnost-i-za-koi-dzvezdi-se-veruva-deka-stradaat-od-nego-13.jpg

Кои познати личности се верува дека имаат (или биле обвинети дека имаат) гранично растројство на личноста?

Погледнете на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Познати личности кои имаат повеќе хејтери, отколку фанови Веројатно очекувате на листата да се најде Амбер Херд. Но, кои се другите познат...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
Парис Хилтон сподели први фотки од 5-месечната ќерка Лондон: „Го ценам секој миг со неа“ „Сонував да имам ќерка која ќе се вика Лондон уште откако знам за себе“ – Парис ...
Ријана првпат го покажа вториот син - ужива во интимна семејна атмосфера со сопругот и двете деца „Мајчинството отвори нова страница од мојот живот и конечно ги сфаќам луѓето кои...
Познати жени кои биле жртви на семејно насилство (и отворено зборуваа за тоа) Сигурно се сеќавате на потресните фотографии од Ријана на кои пејачката е со мод...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg