Јаков Јозиновиќ и уште 4 познати мажи кои се докажани кавалери (и 2 што не се воопшто)
- Детали
- петок, 01 мај 2026
Колегата на Марко Роби пробува со раце да ја заштити од дождот, Јаков Јозиновиќ ѝ помогна на Џејла да се симне од бина елегантно - кои познати мажи се „уловени“ во кавалерски потези, а кои во засрамувачки кон жените?

На некои мажи кавалерството и доброто однесување им е врежано во гените и душата, па не е важно дали се познати, тие никогаш не се надмени кога треба да покажат манири.
Помеѓу славните личности има неколку мажи кои на јавни настани покажале дека се џентлмени, но има и такви кои го покажале сосема спротивното.
Во продолжение издвојуваме неколку моменти кои станаа вирални низ годините, токму заради манирите на познатите мажи.
Погледнете кои се кавалери, а кои не може ни „до колена“ да им бидат:
Џејкоб Елорди со раце се обидуваше да ја заштити од дождот колешката Марго Роби на турнеја за нивниот филм Wuthering Heights

Актерот Остин Батлер на SAG наградите им помогна на две повозрасни колешки, придружувајќи ги од маса до сцената за да си подигнат награда

На Оскари 2019, Крис Еванс, без размислување скокна да ѝ помогне на колешка која се мачеше со фустанот за да оди да си ја земе наградата

Том Холанд, познатиот Спајдермен и дечко на Зендеја, во 2021, застана пред неа, за да ја скрие додека си го мести фустанот за фотографите
Јаков Јозиновиќ на еден од концертите во Белград ѝ подаде рака на Џејла Рамовиќ и ѝ помогна елегантно да се симне од сцената за заедно да седнат на бина
@larasarenac #jakovjozinovic #dzejlaramovic #fyp #foryou #foryoupage
♬ original sound - larasarenac
Двајца мажи кои докажале дека немаат кавалерски манири:
Едриен Броди, кога доби Оскар, накратко застана и ѝ ја фрли мастиката на девојка му пред да се качи на сцена

Џастин Бибер, пред неколку години, додека со Хејли ги напаѓаа папараци, со скејтборд сам избега и ја остави неа сама, која потоа бегајќи падна

M. M. | Црнобело
