По два развода, Џесика Симпсон се забавува со помлади мажи: „Сакаат самоуверени возрасни жени, тоа ми се допаѓа“
- Детали
- сабота, 25 октомври 2025
„Мислам дека во моментов ми се допаѓаат само помлади мажи. Кога си тазе сингл... па, се чувствувам убаво покрај нив, се забавувам“ - вели 45-годишната пејачка, која лани се разведе вторпат.

Пејачката Џесика Симпсон (45) која пред околу една година се разведе од Ерик Џонсон (46) со кого беше заедно цела деценија во брак, повторно ужива во својот сингл статус.
Таа во интервју за американските медиуми вели дека не очекувала да биде сингл мајка во своите 40-ти години, ниту дека зад себе ќе има два пропаднати брака, но сепак морала да се соочи со реалноста.

Една година по разводот, таа признава дека е повторно среќна и дека повторно почнала да се состанува, но за забава, и тоа со помлади мажи.
„Мислам дека во моментов ми се допаѓаат само помлади мажи. Кога си тазе сингл... па... се чувствувам убаво покрај нив.
Мислам дека на помладите мажи им се допаѓа самодовербата што ја имаат возрасните жени.
Ете, тоа е нешто ново што го откривам во моментов. Се забавувам“ - рекла Симпсон.
Пејачката има три деца: Максвел Дру, Ацеа Нутеа и Бирди Меј, сите од бракот со Џонсон, а за нив сега се грижи самата.

Пред да се омажи за Ерик, Џесика беше во брак со пејачот Ник Лашеј, со кого важеа за еден од најубавите парови во светот на музиката.
Тие имаа и свое реално шоу, а по разводот, кој беше многу непријатен, со јавни навреди и исмевања, Ник се прежени со актерката Венеса Лашеј.

А. Ј. | Црнобело
