Факти за дуото Milli Vanilli и најголемиот скандал во музичката историја: Пееја на плејбек, немаа снимено ниту една песна
- Детали
- недела, 24 август 2025
За помалку од една година, дуото Milli Vanilli стана светска сензација. Но, нивниот продуцент откри дека тие воопшто не пеат на нивните песни и дека на секој концерт настапувале со плејбек. Едниот од членовите на дуото почина од предозирање, а другиот настапува и денес, обидувајќи се да ја подобри репутацијата на името Milli Vanilli. Како дошло до најголемиот скандал во музичката историја?

Скандали во музичката индустрија има безброј, но веројатно уште долго ќе се памети оној со дуото Milli Vanilli.
Како што пишуваа многу медиуми, Роб Пилатус и Фаб Морван станаа најпознатите пејачи, без да отпеат ниту еден стих. Во 1989-та, немаше личност која не чула за нив, но колку брзо што се прославија, туку брзо и нивната кариера загасна.
Танчарите Роб и Фаб воопшто не пееле на нивните песни, а секоја изведба во живо била со плејбек. Она што го направи скандалот уште поголем е и фактот што имаа добиено Греми награда за најдобар нов изведувач.
Како се прослави дуото Milli Vanilli и што им се случи по скандалот?
„Мозокот“ зад дуото Milli Vanilli и целиот заговор со пеењето плејбек бил нивниот менаџер, германскиот продуцент Франк Фаријан.
Франк ја слушнал песната Girl You Know It’s True од американската група Numarx и помислил дека со преработка, може да ја направи огромен хит.
На хип-хоп песната и вметнал и „денс“ елементи, па во 1988 година почнал да бара вокали за новата мелодија.
Ги најмил сестрите Лина и Џорди Роко како бекап вокали, а главниот вокал, поточно рапувањето, му го доделил на Чарлс Шо.
Подоцна, самиот Чарлс има изјавено дека штом Франк му ја пуштил песната, ја препознал.
„Ја знаев. Танцував на верзијата од Numarx во клубови во Хамбург. Му реков ’Ова не е нова песна‘“.
Продуцентот признал дека не е негово оригинално дело, но сепак продолжил да работи на неа и да го убеди Чарлс да ја снимаат новата верзија.
Почнал да ги комбинира вокалите, па најмил уште двајца пејачи – Бред Хауел и Џон Дејвис. Така се родил проектот Milli Vanilli, но никој немал видено како изгледаат пејачите.
Иако бил свесен дека донекаде ја краде песната, таа брзо се прославила во Европа. Па, продуцентот почнал да бара луѓе кои ќе бидат „лицето“ на групата Milli Vanilli.
Тој период, Роб Пилатус и Фаб Морван живееле во Минхен во сиромаштија, а работеле како танчари. Биле во толку лоша состојба, што дури и краделе храна за да преживеат.
Продуцентот Франк ги избрал токму нив, па им понудил 4.000 долари за да бидат лицето на дуото Milli Vanilli и да снимаат спот за песната.
Чарлс Шо – раперот во песната Girl You Know It’s True – има изјавено дека продуцентот многу добро знаел што прави.
„Откако песната стана хит во Англија, ми рече дека требало да има две лица за проектот. Мене веќе ми плати 12.000 долари за песната и само ми рече ’Не кажувај на никој и вака може да снимиме цел албум‘“.
Бидејќи не биле Американци, Роб и Фаб имале специфичен акцент кога зборувале англиски, додека песните што ги издавале е очигледно дека се отпеани од Американци.
Но, Франк веројатно не очекувал да станат огромни ѕвезди, па го игнорирал овој факт.
Френк ги собрал сите вокалисти од првата песна, па мошне брзо снимиле уште четири нови.
Во студиото доаѓале и Фаб и Роб, но, секако, не пееле.
Штом го издале спотот за Girl You Know its True, Фаб и Роб станале ѕвезди практично преку ноќ.
