Факти за дуото Milli Vanilli и најголемиот скандал во музичката историја: Пееја на плејбек, немаа снимено ниту една песна
За мошне краток период, сите песни издадени од Milli Vanilli ги освоиле топ-листите и дуото станало светка сензација.
Ова значи дека морало да почнат да даваат интервјуа, па почнал да се истакнува и нивниот акцент.
Но, додека некои се сомневале во целата ситуација, повеќето фанови биле вљубени во нив. Неколкупати настапувале во живо со плејбек, неретко и со публика од десетици илјади фанови.
Поради популарноста, Фаб и Роб се чувствувале како вистински ѕвезди, па како самите да почнале да веруваат во лагата што им ја продавале на другите.
Но, среќата не им траела долго.
Првиот инцидент им се случил за време на турнеја, во Милвоки, кога дуото настапувало пред публика од 22.000 луѓе.
Кога почнала музиката, не почнале вокалите, па Роб и Фаб се нашле во тесно. Иако прво бурно ја напуштиле сцената, успеале да ги убедат да се вратат назад и на крај го одржале целиот концерт, секако, со плејбек.
Во 1990 година, тие освоија и Греми награда за најдобар нов артист.
Можеби целата лага ќе потраела уште некој период, но Роб и Фаб, водени од популарноста, почнале да инсистираат тие самите да пеат.
„Му рековме на Френк ’Не ни дозволуваш да пееме на албумот. Не ни го прави ова‘. Не сакавме да живееме така“, имаат изјавено танчарите откако изби скандалот.
Раздорот меѓу Френк и танчарите само се зголемувал и, на крај, продуцентот самиот ја призна целата лага пред јавноста.
Веднаш потоа, Роб и Фаб одржаа прес-конференција на која изјавија:
„Бевме заведени, бевме малтретирани и се чувствуваме многу виновно“.
Иако пробаа да се извинат, последиците, во најмала рака, беа катастрофални.
Milli Vanilli ги изгуби сите договори за нова музика, фановите бараа да им се вратат парите од концерти, а некои се закануваа и со тужби за измама.
На крај, на дуото му беше одземена и Греми наградата – нешто што се случило првпат во историјата на настанот.
Фаб некако успеа да се справи со целата ситуација, па дури и да се активира во музичката индустрија.
Пишува музика, пее, па дури и настапува во живо, неретко изведувајќи ги и песните на Milli Vanilli.
Но, Роб тешко го поднел понижувањето и веројатно им потпаднал на пороци.
Во 1998-ма, на само 33-годишна возраст, тој беше пронајден мртов и се сомнева дека причина за смртта е предозирање.
„Кога слушнав за смртта на Роб, во тој миг се стиши сè. Како да изгубив дел од мене. За да му оддадам почит, се заколнав дека ќе го правам тоа што јас сакам.
И, ќе се осигурам дека името Milli Vanilli ќе значи дека кога ќе паднете, ќе се вратите на нозе и ќе продолжите понатаму“, има изјавено Фаб.
Спирова С. | Црнобело
