Дејвид Бекам емотивен за титулата „витез“ – Викторија горда, син му Бруклин го игнорира и си го рекламира брендот

Дејвид сподели фотка со емотивен опис.

„Почестен сум и благодарен за оваа чест. Имав среќа да ја претставувам нашата земја и отсекогаш сум го правел тоа со гордост…

Го сакам нашето кралско семејство и што тоа им значи не само на луѓето во Велика Британија, туку во целиот свет. Не можев ни да сонувам дека ова ќе ми се случи мене…“

И Викторија сподели неколку фотки од церемонијата, исто така со емотивен опис.

„Дејвид, од моментот кога те запознав пред 28 години, беше толку горд што ја претставуваш својата земја.

Никој не ја сака Англија и не го почитува кралското семејство повеќе од тебе, па засекогаш ќе го ценам тоа што те видов како си почестен од кралот.

Постигна многу, а сепак си истиот добар, скромен и вреден маж што го запознав пред речиси 30 години“, стои во описот на едната објава.

Во втората објава, Викторија зборува за нивните аутфити – костумот што го носи Дејвид го направила таа, инспирирана од стилот на кралот Чарлс.

И фустанот што носи таа е од нејзиниот моден бренд.

И, додека Бекамови слават за големата почест, Бруклин Бекам не му ни честитал на татко му.

Наводно, Дејвид ги поканил и него и сопругата Никола Пелц, но тие не се појавиле.

dejvid-bekam-emotiven-za-titulata-vitez-viktorija-gorda-sin-mu-bruklin-go-ignorira-i-si-go-reklamira-brendot-05.JPG

Бруклин нема изреагирано ни на објавите на Инстаграм, а одбивал да одговара и на прашања од новинари.

Наместо тоа, се фокусира на промовирање на неговиот нов бренд за лути сосови – Cloud23. Тој беше и на настан на кој зборуваше за својот бренд.

dejvid-bekam-emotiven-za-titulata-vitez-viktorija-gorda-sin-mu-bruklin-go-ignorira-i-si-go-reklamira-brendot-03.JPG

Во меѓувреме, Никола Пелц сподели фотка од букет рози кои наводно ги добила од сестра ѝ. И, не го ни спомна семејството на Бруклин.

Според последните информации, Викторија се обидувала да го подобри односот со синот и снаата, но безуспешно.

Причината била Никола која не била подготвена да стави крај на конфликтот.

dejvid-bekam-emotiven-za-titulata-vitez-viktorija-gorda-sin-mu-bruklin-go-ignorira-i-si-go-reklamira-brendot-02.JPG

Помалите синови на Бекамови, од друга страна, со гордост му честитаа на татко им за новата титула.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли со нови детали за разводот со Бред Пит: „Му ги оставив домовите, не плаќаше алиментаци... „Настаните кои доведоа до мојата потреба да се разведам беа многу емоционално те...
Бруклин Бекам прозборе за семејната драма, откако се посрамоти на голф натпревар: „Имам прекрасна со... По голф натпревар на кој беше критикуван дека „нема никаков талент“, Бруклин Бек...
Колку се лоши рецептите на Бруклин Бекам (кој пробува да стане готвач откако не успеа како фотограф)... „Неговиот рецепт за правење тост во тостер ми го промени животот“, гласи саркаст...
Бруклин Бекам ладно ги изигнорира роденденските честитки од родителите: „Подготвени се да стават кра... „Не се само Викторија и Дејвид, и неговите три тетки исто така споделија објави ...
Детали за врската на Бруклин Бекам што заврши катастрофално: Ги разделуваше обезбедување, и таа ги м... Кратко пред да ја почне врската со Никола Пелц, Бруклин Бекам раскина 9-месечна ...
Бруклин Бекам со трогателна исповед против родителите: „Мајка ми го украде првиот свадбен танц од мо... „Моите родители пробуваа да ми ја уништат врската уште пред мојата свадба. Ноќта...

Најчитани неделава