Ја изневерувал со проститутки, па ја оставил: Ја помните ли врската на Камерон Дијаз и Алекс Родригез?
Наводно, на неговите средби со проститутки сведочел маж кој работел во зградата во којашто живеел бејзбол играчот.
„Постојано викаше проститутки. Обично по две наеднаш, и тоа двапати неделно. Еднаш, како што си заминаа двете девојки, само десет минути подоцна, дојде Камерон.
Алекс беше ужасна личност, вистински нарцис. Мислеше дека е Бог“, има изјавено изворот за Page Six.
Кога приказната излезе во јавност, портпаролот на Алекс ги негираше гласините. Но, бидејќи секогаш имало гласини дека им е неверен на своите девојки, голем дел од јавноста веруваше дека тоа е причината за разделбата.
Во 2014-та, Камерон даде интервју кое некои го протолкуваа како признание дека Алекс ја изневерувал.
„Сите почувствувале некакво предавство. Сите.
Без разлика дали е од член на семејството, пријател, дечко или девојка. Сите знаеме какво е чувството да бидете предадени“.
Актерката вели и дека ја пропуштила можноста за одмазда и иако не го спомнува Алекс, кога го даде интервјуто, тој ѝ беше последен партнер.
„Знаете што? Мислам дека си ја пропуштив можноста за одмазда. Навистина посакувам да имав стомак за тоа и веќе не излегувам со мажи кои ќе ме изневеруваат“.
Извор близок до актерката, пак, спомна дека Камерон била многу повредена.
„Раскинаа. Камерон е повредена и се чувствува предадено бидејќи навистина се трудеше да му удоволи“.
Има и шпекулации дека Алекс не ѝ обрнувал воопшто внимание на Камерон, па таа пробувала и да го прави љубоморен.
Камерон беше во врска со Џастин Тимберлејк, па кога Алекс не ѝ обрнувал внимание, почнала да се дружи со бившиот.
„Камерон му го повреди егото. Почна да се плаши дека ќе гп остави за Џастин, па пробува да се подобри.
Камерон не сакаше да игра игри со него, но сега барем е задоволна од ситуацијата“, сподели извор пред да раскинат.
Сепак, најверојатно Камерон и Алекс раскинале бидејќи биле премногу зафатени со нивните кариери. Кратко по разделбата, извор близок до парот се огласи за магазинот People:
„Раскинаа пред неколку денови. Тој стави крај. Но, и претходно имаат раскинувано и се смирувале, па можеби ова не е засекогаш“.
И покрај многуте шпекулации, Алекс никогаш не кажал нешто лошо за Камерон.
„Не сакам да зборувам за моите поранешни врски, но ќе ви кажам за Камерон. Таа е веројатно една од најпрекрасните личност што сум ги сретнал“, сподели бејзбол играчот во 2012-та.
Денес Камерон Дијаз е во среќен брак со Бенџи Маден.
Алекс, од друга страна, беше свршен со Џеј Ло, а откако раскинаа, почна врска со фитнес инструкторка.
Спирова С. | Црнобело