Ја изневерувал со проститутки, па ја оставил: Ја помните ли врската на Камерон Дијаз и Алекс Родригез?
- Детали
- сабота, 29 ноември 2025
Во 2010 година, Камерон Дијаз беше во врска со Алекс Родригез, бившиот свршеник на Џеј Ло. Откако раскинаа, се јавија секакви шпекулации – дека ја изневерувал и дека ја оставил, дека таа му раскинала поради неверствата, дека го правела љубоморен со бивш дечко…

Можеби не се сеќавате, но на почетокот на 2010-тите, Камерон Дијаз беше во врска со поранешниот свршеник на Џеј Ло – Алекс Родригез.
Беа заедно околу година и пол и иако пробува да се скријат од јавноста, сепак привлекуваа внимание.
Неодамна Алекс Родригез ја спомна врската во неговиот документарец на HBO – Alex vs. A-Rod – но и овој пат избегнуваше да открива детали.
Тој се присети на периодот кога беа заедно, изјавувајќи:
„Тогаш бев на врвот на мојата бејзбол кариера. Но, се случуваа и многу работи тој период“.
Додека го кажуваше ова, на екранот се појавија фотки од него и Камерон, па стана јасно дека бејзбол играчот зборува за врската со актерката.
Првите гласини дека Алекс и Камерон се пар се појавија во средината на 2010 година. Биле забележани во луксузен хотел во Бостон.
На почетокот негираа дека се пар, но во наредните неколку месеци, сè почесто се појавуваа заедно.
Имаа заеднички одмор во Мексико, а еднаш беа фотографирани и како заедно разгледуваат куќи во Мајами.
Камерон ја потврди врската дури во јуни 2011-та, во интервју за магазинот Elle UK. Тогаш актерката изјави дека им оди мошне добро.
„Сè што му посакувам е среќа. Сè што тој мене ми посакува е среќа. Но, неговата среќа не зависи од мене, ниту мојата зависи од него“.
Очигледно имале големи планови за нивната врска, бидејќи Камерон ги запозна и ќерките на Алекс. Сепак, кратко откако ја потврдија врската, тие и се разделија.
Бидејќи беа таинствени, почнаа да се јавуваат секакви шпекулации за тоа зошто раскинале.
Најлуди беа тврдењата дека Алекс ја изневерувал актерката со проститутки.