Дејвид „се бори“ со елката, синот Круз пее – Бекамови слават Божиќ, откако Бруклин ги извиси и ги блокира на Инстаграм
- Детали
- четврток, 25 декември 2025
Бекамови годинава слават Божиќ без син им Бруклин, а изгледа вистински уживаат во празничната сезона, без разлика што тој веќе ги блокира и на Инстаграм. Бруклин, пак, периодов е со семејството на Никола Пелц, а покрај Божиќ, ќе слави и Ханука.

Денес (25.12) католиците го славата Божиќ, а многумина почуваат со прослава уште претходната ноќ, на 24-ти декември.
И Дејвид и Викторија Бекам почнаа со славење синоќа, но годинава со еден член од семејството помалку – син им Бруклин.
Викторија како да пробува да ја игнорира драмата со најстариот син, па вчера сподели неколку фотки и видеа од атмосферата во домот.
На едно од видеата Дејвид „се бори“ со голема природна елка – пробува да ја намести во домот, а на крај реди и сијалички на неа.
Кликнете на објавата за да го погледнете видеото:
Дизајнерката сподели и видео од син ѝ Круз како свири на гитара. Во истата соба се гледа и Дејвид на кој му прават педикир.
Кликнете на објавата за да го погледнете видеото:
Викторија сподели и фотка од мартини што ѝ го направил синот Круз, и уште една на која Дејвид позира со двајцата синови со дедомразовски капи.
На крај, Викторија сподели слатка фотка од ќерка ѝ Харпер седната покрај огромна елка.
„Си ги манифестира желбите“, пишува на објавата.