Бекамови очајни да го подобрат односот со Бруклин: „Се надеваат на ’божиќно чудно‘, но веќе не ја сакаат Никола“
- Детали
- петок, 12 декември 2025
„Минатата година сите беа заедно. Дејвид и Викторија сакаат да му покажат на Бруклин дека вратата за него е секогаш отворена. Многу сакаат да ги посети за Божиќ. Што се однесува до Никола, престанаа со обидите да го подобрат односот со неа“.

Иако Бекамови се надевале на „божиќно чудо“, син им Бруклин Бекам сепак нема да ги помине празниците со нив.
Според извори блиски до познатото семејство, Викторија и Дејвид веќе „кренале раце“ од обидот да го поправат односот со неговата сопруга Никола, но потајно се надевале дека колку-толку ќе ги решат проблемите со Бруклин.
Тие и суптилно го спомнуваат Бруклин во нивните објави на Инстаграм, додека ја игнорираат Никола.
Но, со ова само ја влошувале ситуацијата, најмногу бидејќи не сакале да се извинат.
„Лоша стратегија е тоа што пробуваат да создадат раздор помеѓу Бруклин и Никола. Сега тие се обединети повеќе од кога било. Никола е повредена од она што се случува.
Бекамови не може само да кажат дека ставиле крај на проблемот преку објава на социјалните мрежи. Не може тие да одлучат дека е време да се смират, без да се извинат или да направат промена“.
Но, обидите на Бекамови биле очајни бидејќи веќе сериозно ги чувствувале последиците од отсуството на нивниот син.
„Минатата година, сите беа заедно. Сакаат да му пратат порака дека вратата за него е секогаш отворена, дека е добредојден во нивниот дом.
Многу сакаат Бруклин да отиде кај нив за Божиќ, да го остават минатото зад нив и да имаат нов почеток во 2026-та.
Што се однесува до Никола, престанаа со обидите да го подобрат односот со неа. Тоа може и никогаш да не се случи. Па, засега се фокусираат само на Бруклин“.
Проблемите во домот на Бекамови ескалираа во мај, кога Бруклин и Никола одбија да присуствуваат на 50-тиот роденден на Дејвид.
Потоа Круз и Ромео престана да го следат брат им на Инстаграм.
Летоска пак, Бруклин и Никола ги обновија нивните завети и не им ни кажале на Бекамови за церемонијата.
Бруклин не присуствуваше на церемонијата кога Дејвид го прогласија за витез, а не му ни честита на татко му.
Спирова С. | Црнобело
