Никола Пелц ги „нападна“ Бекамови на Инстаграм, додека слават 6 години од свршувачката со Бруклин
- Детали
- среда, 24 јуни 2026
По објавата на Дејвид Бекам по повод Денот на таткото на која има и фотки од Бруклин, Никола Пелц сподели чудна објава на Инстаграм Стори која веројатно е насочена кон Бекамови. Во меѓувреме, сподели и фотка со која ја одбележа шестата годишнина од свршувачката со Бруклин.

Бруклин Бекам и Никола Пелц денес слават шеста годишнина од нивната свршувачка, а и двајцата го одбележа денот со Инстаграм објави.
Бруклин сподели црнобела фотка од нив двајцата со опис:
„Пред шест години ја прашав мојата најдобра пријателка дали сака да се омажи за мене.
Ти си мојата девојка, мојата убава сопруга и целото мое срце.
Секој ден со тебе е како најубавата авантура и уште не ми се верува дека имам можност да го искусам животот со тебе.
Правиш сè да биде посветло, позабавно, послатко и поволшебно со самото тоа што ќе те видам.
Едвај чекам да продолжам да се смеам, сонувам и да останам млад со тебе. Тe сакам повеќе отколку што можам да кажам Никола“.
Во својата објава, Никола напиша:
„Не ми се верува дека денес, пред шест години се свршивме. Се чувствувам како да те знам целиот мој живот, ти си мојот најдобар пријател и мојата љубов засекогаш.
Тe сакам со целото мое срце. Ти си најдобрата личност што сум ја сретнала и пресреќна сум што можам да го искусам животот со тебе. Ти благодарам што си волшебен“.
Но, истовремено, Никола сподели и чудна објава на Инстаграм Стори за која се претпоставува дека е насочена кон Бекамови.
На Денот на таткото, Дејвид ја искористи можноста суптилно да го спомне и Бруклин. Фудбалерот сподели неколку фотографии со неговите деца, вклучувајќи го и Бруклин.
„Да бидам татко е најважната работа Ве сакам сите и ѝ благодарам на мајка ви што ми го подари нашето убаво семејство.
Среќен Ден на таткото на сите татковци ширум светот“, стои во описот.
Ова не е првпат Дејвид или Викторија да споделат фотка со Бруклин по караницата, но сега тој наводно бил гневен.
„Многу е бесен. Побара од нив да го остават на мир, а тие продолжуваат да објавуваат фотографии со него.
Повторно ја стават во фокус целата ситуација. Навистина сака да престанат“, вели извор за The Sun.
Додека Бруклин нема кажано ништо, Никола сподели чудна објава на Инстаграм Стори:
„Вљубена сум во оваа реченица: ’Прости си што порано не го знаеше она што само времето може да те научи“.
Се претпоставува дека пораката е насочена кон Бекамови и објавата на Дејвид.
Но, додека Бруклин бара родителите да престанат да го спомнуваат, тој сними реклама за Светското фудбалско првенство во која суптилно го спомнува конфликтот.
За рекламата добил над еден милион долари, а поради популарноста на рекламата, бил убеден дека неговиот бренд се држи добро.
Некои го критикуваат дека сепак пробува да заработува од славата на неговите родители, додека извори блиски до Бекамови велат дека тие биле гневни за рекламата:
„Бруклин вели дека сака мир и приватност и никаква поврзаност со неговото семејство, а сега пробува да заработува од нив“.
Освен долгата објава на Инстаграм од почетокот на годината, Бруклин нема кажано ништо друго за конфликтот со родителите.
Спирова С. | Црнобело