Бруклин Бекам повторно ги понижи родителите со дрска реклама: „Бара приватност, а уште заработува од караницата“
- Детали
- четврток, 18 јуни 2026
По рекламата за Светско во која Бруклин суптилно ги понижува родителите, јавноста го критикува дека уште го користи нивото презиме за да заработи, иако тврди дека бара приватност. Бекамови, пак, биле сигурни дека Никола Пелц има некаков удел во дрската реклама.

Бруклин Бекам повторно е на мета на критики поради нова реклама во која суптилно ги навредува неговите родители.
Целата драма почна пред неколку денови, кога Бруклин сподели мал дел од рекламата за DoorDash – познат американски бренд за достава на храна.
Во инсертот, Бруклин вели:
„Сигурно се прашувате зошто го гледам Светското фудбалско првенство од дома. Долга приказна е“.
На крајот од видеото пишува „Комплицирано е“, а брендот што го рекламира, DoorDash, го сподели видеото со опис „Имаме претпоставка“.
Па, стана јасно дека Бруклин алудира на конфликтот со неговите родители поради што е критикуван.
Кога, пак, беше објавена и целосната верзија на рекламата, критиките беа уште поостри.
Видеото повторно почнува слично и Бруклин вели:
„Сигурно се прашувате зошто го гледам Светското фудбалско првенство од дома. Не е дека немам влезници. Долга приказна е…“
Потоа Бруклин му дава неколку влезници за Светско на доставувач на DoorDash и му вели да ги стави на „забавно место“.
Односно, кажува дека во некои нарачки ќе бидат скриени влезници.
Иако идејата за влезниците им се допаѓа на многумина, тоа што во фокус на рекламата е караницата на Бекамови, според некои е огромна ПР „утка“.
„Смешно е што бил избран за рекламата бидејќи е син на Бекам, но во рекламата го навредува татко му“.
„Изгледаш многу среќен додека уште заработуваш од презимето Бекам“.
„Бруклин, отсекогаш сум била на твоја страна, но ова е злобно. Сега навистина верувам дека твојата сопруга те контролира“.
„Ако ги мразиш толку многу, зошто не се откажеш од презимето и престанеш да заработуваш од тоа?“
„Како мислиш дека се чувствува сестра ти кога го гледа ова?“