„Мојата жена е мојот херој“ – Најсекси мажот на светот, Џон Красински, слави 15 години брак со сопругата Емили Блант
- Детали
- петок, 11 јули 2025
По 2 години врска се венчале во куќата на Џорџ Клуни на Комо, им предвидувале развод, а сега слават 15-годишнина и не пропуштаат шанса да си кажат колку се сакаат – љубовта на ѕвездата од „The Office“, кој беше прогласен за најсекси маж на планетата, Џон Красински и Емили Блант.

Емили Блант и Џон Красински се двајца популарни актери во Холивуд, но освен по својата кариера, познати се по нивниот стабилен брак и љубов која ја искажуваат секогаш јавно.

Од нежности на црвен тепих, до заеднички перформански на екраните и романтични изјави полни љубов, тие секогаш покажуваат дека се еден од највљубените и стабилни холивудски парови.
Тие имаат две деца, Хејзел (2014) и Вајолет (2016),а на 10 јули прославија 15 години среќен брак.
Низ годините двајцата актери не пропуштаат шанса да се спомнат еден со друг и да зборуваат отворено за нивната љубов.
Во 2024-та, актерот кој се прослави како Џим Халперт во серијата „The Office“, се стекна со признанието на магазинот People, „Најсекси маж на планетата за 2024“.

„Прекрасно е што додека си во брак со некој, постојано учиш, се менуваш и растеш. Среќен сум што поминувам низ ова со неа“ – рече тогаш тој во интервју за насловната страница, мислејќи на сопругата.
Неодамна Џон најави дека годишнината ќе ја прослават интимно, сами тие двајца, без очите на јавноста.
Во продолжение потсетуваме на некои од најубавите цитати што двајцата ги имаат кажано еден за друг:
„Најубавите денови од животот ми започнаа кога ја запознав мојата сопруга“ – Џон.
„Тоа што го запознав Џон навистина ми го промени животот. Кога ја чувствувам поддршката од него, се чувствувам непобедливо“ – Емили.

„Бев голем нејзин обожавател пред да ја запознаам, па и сега уште сум нејзин фан на сè што таа прави“ – Џон.
„Секој ден се будам со насмевка на лицето, во исчекување на следниот прекрасен момент“ – Џон.

„Мојата сопруга е мој херој на секој можен начин. Навистина, секој ден ме импресионира“ – Џон.
„Бев покрај неа кога ги направи сите прекрасни одлуки и без двоумење, таа е најелегантната, најпаметната и најпосветената актерка која сум ја запознал“ – Џон.

M. M. | Црнобело
