Дејвид „се бори“ со елката, синот Круз пее – Бекамови слават Божиќ, откако Бруклин ги извиси и ги блокира на Инстаграм
И Ромео Бекам сподели неколку фотки од празничната атмосфера во домот, па покажа како прави десерт и дегустира вино, а објави и фотка од девојка му Џеки Апостел.
Како што веќе спомнавме, Бруклин „го извиси“ семејството и за Божиќ. Впрочем, неодамна тој дури и го блокира целото семејство на Инстаграм.
Сепак, Дејвид и Викторија не му замерувале.
„Дејвид и Викторија никогаш нема да престанат да го сакаат Бруклин. Секогаш ќе бидат овде за него и сакаат да знае дека се многу тажни од ситуацијата.
Изгледа дека Бруклин ги блокирал за да им покаже дека тоа е тоа, ова е крајната одлука. Јасно е дека ова е знак дека тој сака целосно да се оддалечи од неговото семејство“.
Бруклин ги минува празниците во домот на родителите на Никола Пелц, каде покрај Божиќ, ќе слави и Ханука бидејќи тие се евреи.
Засега Бруклин нема споделено ништо од прославата, единствено фотка на кој ја држи Никола за рака:
„Моето сè“, стои во описот.
Што се однесува до блокирањето на Инстаграм, најпрво почна да се зборува дека Дејвид и Викторија престанале да го следат профилот на Бруклин.
Но, ова го разгневи нивниот најмал син Круз кој на Инстаграм сподели:
„Мама и тато никогаш не би го отследиле нивниот син. Беа блокирани. Исто како и јас“.
Според пријател на Бруклин и Никола, тие ги замолиле Бекамови да престанат да ги контактираат.
Истовремено, не им се допаѓале објавите на парот, па дури и се плашеле дека ќе споделат нешто за нив.
„Во духот на празниците, ќе биде навистина добро ако Бекамови ги остават на мир. Тие ја почнаа ова игра со блокирање претходно годинава и продолжуваат со неа“, вели пријателот на Бруклин
Тој додава и дека Бруклин и Никола не сакат да ја коментираат целата ситуација и само сакале мир.
Спирова С. | Црнобело