Бекамови го прославија 21-иот роденден на најмалиот син Круз – Викторија главна на забавата, Бруклин не му ни честита
- Детали
- вторник, 17 февруари 2026
Викендов Бекамови направија прослава во луксузен ресторан по повод 21-иот роденден на нивниот најмал син Круз. На прославата не присуствуваше Бруклин кој во меѓувреме сподели фотка со Никола и кажа дека секогаш ќе ја штител.

На 20-ти февруари, најмладиот син на Дејвид и Викторија – Круз Бекам – полни 21 година, но познатото семејство веќе почна со прославување.
Семејството прослави во луксузниот ресторан The Maine, каде што порција за еден гостин чини од 100 фунти нагоре.
Нормално, Бруклин Бекам не беше на забавата, но Бекамови не дозволија конфликтот со него да им го расипе расположението.
За пригодата, Круз носеше светлосин костум со шарена вратоврска, додека останатите Бекамови, но и другите гости, беа во црни аутфити.
Круз бил тој што го избирал менито за прославата, па наместо посебни специјалитети, гостите уживале во пилешки крилца, бургери и такоси.
За десерт имале крофни, како и персонализирани коктели.
Славеникот исто така и ги забавувал гостите со неговиот нов бенд – Cruz Beckham and the Beakers.
Викторија, пак, не ја пропушти можноста да се најде во центарот на вниманието па се качи на сцена и одржа говор кој, според присутните, го расплакал Круз.
Со неа на сцената застанаа и сестрата на Круз – Харпер – како и неговата девојка Џеки Апостел.
Додека семејството се подготвуваше за роденденот, Бруклин Бекам сподели фотка на Валентајн со која ѝ го честита празникот на Никола:
„Те сакам повеќе отколку што знаеш и засекогаш ќе те штитам и ќе те сакам“, стои во описот, меѓу другото.