Забава во вила на сицилијанската мафија, затворени улици во Палермо: Дуа Липа и сопругот направија раскошна свадба во Италија

Пред главната забава, парот го почна викендот со прослава на плоштад во Палермо кој беше затворен за јавност.

zabava-vo-kukja-na-italijanskata-mafija-zatvoreni-ulici-niz-palermo-dua-lipa-i-soprugot-napravija-raskoshna-svadba-vo-italija-09.JPG

Од оваа прослава има папарацо фотки и се гледа дека Дуа Липа носи елегантен бел фустан со реси, додека Калум е со костум во беж нијанса.

Иако некои извори велат дека локалците уживале во огнометот на крајот од свадбата, тоа што пејачката и сопругот го блокирале Палермо сепак наишло на критики.

zabava-vo-kukja-na-italijanskata-mafija-zatvoreni-ulici-niz-palermo-dua-lipa-i-soprugot-napravija-raskoshna-svadba-vo-italija-05.JPG

Слично како што Лорен Санчез и Џеф Безос беа критикувани за свадбата во Венеција, низ Палермо почнале да се појавуваат постери во знак на протест на свадбата на Дуа Липа.

Локалците биле гневни што пејачката го третирала градот „како да е нејзина сопственост“, а се споделуваа и слогани како „Нашиот плоштад не е твоја дневна соба“ и „Палермо не е за изнајмување“.

zabava-vo-kukja-na-italijanskata-mafija-zatvoreni-ulici-niz-palermo-dua-lipa-i-soprugot-napravija-raskoshna-svadba-vo-italija-16.JPG

Локалците биле гневни бидејќи делови од градот биле затворени за јавност, а ова значително им го отежнало секојдневието.

Било засилено и обезбедувањето околу затворените улици, што дополнително ги вознемирувало локалците.

zabava-vo-kukja-na-italijanskata-mafija-zatvoreni-ulici-niz-palermo-dua-lipa-i-soprugot-napravija-raskoshna-svadba-vo-italija-18.JPG

Полицијата прво се обидувала да ги отстрани постерите, но некои локалците потоа почнале да ги пишуваат истите пораки и на графити.

zabava-vo-kukja-na-italijanskata-mafija-zatvoreni-ulici-niz-palermo-dua-lipa-i-soprugot-napravija-raskoshna-svadba-vo-italija-14.JPG

Продолжува на следната страница...


Би можело да ве интересира:

„Немаа ништо заедничко, не ни разговараа“: Зошто раскинаа Бредли Купер и Ирина Шајк? „Откако им помина првичната страст, им останаа малку заеднички работи. Бредли и ...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...
Помалку познатата (и мрачна) страна на Елвис Присли: Го привлекувале жени како мајка му, бил опседна... Елвис Присли имал толку бизарен однос со мајка му, што една девојка му раскинала...
Позира во танга бикини, вереникот ја мачка на плажа – Дуа Липа го покажа фит телото во Мексико (фото... Дуа Липа го покажа виткото тело во минималистички леопардски бикини, а изгледа в...
Животот (и скандалите) на Хулк Хоган: Имал афера со другарка на ќерка му, направил 25 операции, почи... Хулк Хоган кој несомнено е еден од најпознатите борачи во светот, почина на 71-г...
Имаат 4 деца, син им го победи ракот: Љубовта на „младата бунтовничка“ и Мајкл Бубле трае 15 години По 15 години и четири деца, Мајкл Бубле и Луисана Лопилато го имаат едниот од на...

Најчитани неделава