Забава во вила на сицилијанската мафија, затворени улици во Палермо: Дуа Липа и сопругот направија раскошна свадба во Италија
- Детали
- понеделник, 08 јуни 2026
Дуа Липа и сопругот Калум Тарнер затворија цел плоштад во Палермо за нивната свадбена прослава, поради што беа критикувани од локалците. Главната забава се одржа во вила која порано била седиште на италијанската мафија, а фотките од прославата уште се чуваат во тајност.

По брзата венчавка на крајот од мај во Лондон, Дуа Липа и Калум Турнер направија раскошна свадба во Палермо, Италија.
Почнувајќи од петокот (05.06) прославата траеше три дена и иако самата пејачка уште нема споделено фотки, на социјалните мрежи дел од гостите доловија дел од атмосферата.
Главната забава се одржа во вилата Valguarnera која се шпекулира дека во 1980-тите била седиште на сицилијанската мафија позната како „Коза ностра“.
Огромната палата е изградена во 18-тиот век, а е лоцирана на 30-тина минути од Палермо.
За тридневната прослава, пејачката и новиот сопруг одвоиле над 1,5 милиони долари, а меѓу присутните биле светски познати ѕвезди, како Елтон Џон.
Британскиот пејач дури и пеел на свадбата, а главната прослава била завршена со огромен огномет.
Гостите пристигнале на настанот во 60 комбиња, а за храната бил заслужен врвен готвач од Рим.
Најпрво во дворот на палатата се одржала венчавката, а по вечерата, за забавата бил задолжен и диџеј.
Интересно е што уште ништо не се знае за венчаницата на пејачката, освен дека е дизајниран од Донатела Версаче.