Се омажи Дуа Липа - костум наместо венчаница, мала церемонија во Лондон
- Детали
- недела, 31 мај 2026
Пејачката не носеше венчаница туку бел костум со голем шешир и ракавици, додека актерот избра елегантен црн костум.

Светската ѕвезда со албанско потекло, Дуа Липа се омажи со својот британскиот актер Калум Тарнер, скоро една година откако потврди дека се свршиле.

Парот се реши за скромна граѓанска венчавка со најблиските пријатели во Лондон, а голема раскошна свадба е планирана за следната недела, во Италија.

Пејачката не носеше венчаница туку бел костум со голем шешир и ракавици, додека актерот избра елегантен тегет костум.

И Дуа и Калум блескаа од среќа додека излегуваа од општинската зграда по церемонијата на венчавање.

Според Daily Mail, на венчавката има и неколку познати личности, а се очекува на приемот да пее и Елтон Џон, со кого Дуа сними дует во 2021-ва година.

А. Ј. | Црнобело