Имаат 4 деца, син им го победи ракот: Љубовта на „младата бунтовничка“ и Мајкл Бубле трае 15 години
- Детали
- недела, 12 април 2026
По 15 години и четири деца, Мајкл Бубле и Луисана Лопилато го имаат едниот од најстабилните бракови во светот на славните. Но, се соочија и со премрежја, како дијагнозата со рак на најстарото синче и шпекулациите дека пејачот е насилен кон актерката.

Љубовта на Мајкл Бубле и Луисана Лопилато трае повеќе од 15 години, а заедно имаат четири деца.
Пред неколку години се најдоа среде скандал кога поради однесувањето, јавноста почна да се сомнева дека Мајкл Бубле е насилен.
Сепак, тие го издржаа бурниот период, а неодамна ја прославија и 15-тата годишнина.
Што знаеме за нивната љубов?
Се запознале во Аргентина
Мајкл Бубле ја запознал Луисана по негов настап во Буенос Аирес во 2008 година.
Актерката присуствувала на забава по концертот, а била поканета бидејќи тогаш важела за најпозната аргентинска актерка.
„Се запознаа на забава организирана од продукциската куќа на Мајкл. Раководителот на компанијата сакаше да го запознае Мајкл со најпознатата актерка во Аргентина.
И, кога ја сретна, тоа беше љубов на прв поглед“, сподели пријател на парот.
Ја почнале врската набрзо потоа, а следната година тој ѝ напиша и песна – Haven’t Met You yet.
Тој го откри овој детаљ во 2022-ра, изјавувајќи:
„Не верував дека 15 години подоцна, ќе поминеме низ сето ова и ќе имаме три убави деца“.
Направија две свадби
Во јануари 2010-та, Мајкл и Луисана открија дека се свршиле, но на крајот на претходната година.
Се венчаа во Буенос Аирес, околу година и пол по свршувачката. Се одлучија за помала церемонија со околу 300 гости.
Но, една прослава не им била доволно, па неколку месеци подоцна, направија уште една свадба во Канада – родната земја на Мајкл.
„Ова ни беше само уште еден изговор да ја славиме љубовта, да испиеме некоја пијачка и да танцуваме цела ноќ“, сподели пејачот за втората свадба.
