Имаат 4 деца, син им го победи ракот: Љубовта на „младата бунтовничка“ и Мајкл Бубле трае 15 години
Добија два сина
Во 2013 година, Мајкл и Луисана го добија првиот син – Ноа. Околу три години подоцна, им се роди и синчето Елијас.
Но, истата година кога го добија второто дете, тие открија дека постариот син, Ноа, има рак.
„Тажни сме за неодамнешната дијагноза со рак на нашиот син Ноа кој моментално оди на терапија во САД. Отсекогаш сме биле гласни за важноста на семејството и љубовта што ја имаме за нашите деца.
Јас и Луисана ќе ги паузираме нашите кариери за целосно да му се осветиме на Ноа. Во овој тежок период, ве молиме да се молите за нас и да ја почитувате нашата приватност.
Нè чека долго патување и се надеваме дека со поддршката на семејството, пријателите и фановите од целиот свет, ќе ја победиме оваа битка“, напиша Мајкл на Фејсбук кога ја сподели лошата вест.
За среќа, синчето се избори со болеста и во 2017-та, по 18 месеци лекување го пуштија од болница.
Околу една година по успешното лекување на Ноа, Мајкл и Луисана радосно споделија дека очекуваат и трето дете.
Во 2018-та, им се роди ќерката Вида Амбер Бети.
Мајкл Бубле беше критикуван за однесувањето кон Луисана
Во 2020 година, на Instagram Live, Мајкл Бубле се однесуваше чудно кон Луисана, дури и насилно.
Прво тој ја турна со лактот, а потоа грубо ја повлече за рака, па јавноста почна да го обвинува дека е насилен кон неа.
Поради бурните реакции, прво се огласи портпаролот на Мајкл:
„Веќе нема да даваме коментари за глупавите обвиненија. Тие се рамноправни партнери кои се сакаат и се почитуваат. Тие се прекрасен пар“.
Потоа и Луисана го бранеше сопругот со објава на Инстаграм:
„Секој ден со сопругот се вклучуваме во живо за малку радост и забава, а треба да се справуваме со луѓе со лоши намери, кои кажуваат секакви работи за нашето семејство, а не знаат ништо за нас“.
Сепак, некои не ѝ веруваа на актерката и до денес сметаат дека Мајкл веројатно е насилен.
Добија четврто дете, а рекоа дека ќе им биде последно
На почетокот од 2022-ра, парот сподели дека го очекуваат четврто дете. Сепак неколку месеци подоцна Мајкл откри дека веројатно тоа ќе им биде последно.
„Сакам сè да биде посебно за Луисана и знам дека времето минува брзо. Бидејќи ова веројатно ќе ни биде последно дете, сакам да се осигурам дека Луисана ужива во секоја секунда од бременоста“.
Летото во 2022 година, им се роди ќерка која ја крстија Сиело Јоли Росе.
Се дружат со принцот Хари и Меган Маркл
По раѓањето на четвртото дете, Мајкл и Луисана уживаат во семејниот живот, а приватно се дружат и со принцот Хари и Меган Маркл.
Не е познато кога почнало нивното пријателство, но кралскиот пар ги посети во Канада.
„Беа навистина фини. Вечерта беше убава и волшебна за сите нас“, сподели пејачот за средбата.
Во Канада тие се дружеа уште неколкупати, а споделуваа и фотки на Инстаграм.
Спирова С. | Црнобело
