Бруклин Бекам повторно ги понижи родителите со дрска реклама: „Бара приватност, а уште заработува од караницата“
Некои ПР експерти за Daily Mail велат дека ова реклама може да биде крај за Бруклин.
„Ова најверојатно може да биде почетокот на крајот на брендот Бруклин.
Другите брендови ќе забележат како реагира јавноста бидејќи тој го користи семејниот конфликт на овој начин и ќе сакаат да се држат настрана од него. Изгледа евтино.
Јавните понижувања на членови од семејството, особено кога се платени, никогаш немаат добар исход. Ова прави Бруклин да изгледа арогантно.
Дали навистина толку многу му требаат пари што ги покажува семејните проблеми во јавност?“
Извори блиски до Бекамови велат дека Дејвид и Викторија се свесни за рекламата и дека биле разочарани.
Неговите баби и дедовци исто така биле разочарани од Бруклин и не очекувале внук им да се шегува за сериозен семеен проблем.
„Да се сними реклама заснована на семеен конфликт, кога неговото семејство е тажно, а неговата сестра неутешна, е вистински шок.
Особено кога ова го прави личност која тврди дека сака мир и приватност“.
Во меѓувреме, почна да се шпекулира дека Бруклин навистина е очаен за пари бидејќи имал проблеми со неговиот бизнис.
Пред околу две недели, Бруклин самиот сподели дека има проблеми со неговиот бренд за лут сос.
„Не знаев во што се впуштам кога го креирав ова. Имаше многу подеми и падови.
Имаше работи кои требаше да ги научам. Уште учам, секој ден. Ќе учам засекогаш“.
Иако Дејвид и Викторија му помогнаа да го формира брендот, Бруклин тврди дека не сакал неговото славно презиме да има каква било поврзаност.
„Кога го создадов ова, не сакав да биде само уште еден бренд на позната личност. Сакав да го создадам најчистиот лут сос во најубавата амбалажа“.
Некои извори, пак, велат дека рекламата на Бруклин е доказ дека тој сепак е под контрола на неговата сопруга Никола Пелц.
Впрочем, дури и Бекамови се сомневале во ова.
„Има сенка врз целото семејство. Ништо не е исто, но по ова Бекамови се збунети и загрижени. И, многу, многу тажни.
Каде е Никола во целата ситуација? Ја нема споделено рекламата на нејзините социјални мрежи. Никола и Бруклин секогаш си ги споделуваат содржините, но не и сега.
Па, се поставува прашањето дали можеби таа е зад сето ова. Таа ги држи конците, ужива и се смее што оваа реклама уште толку ќе го оддалечи Бруклин од неговото семејство“, открива извор за Daily Mail.
Бруклин и Бекамови одбиваат да коментираат за целата ситуација, исто како и брендот DoorDash.
Спирова С. | Црнобело