Принцот од Монако ја искористил за пари, не си ги сакала децата: Животот на Грејс Кели бил далеку од бајковит
- Детали
- недела, 05 јули 2026
Грејс Кели била „црната овца“ во нејзиното семејство, а кога станала актерка, родителите не криеле дека се разочарани од неа. Нејзиниот сопруг ја побарал за жена само затоа што имала пари, но пред да стане принцеза, морала да се откаже од сè, па дури и да му плати 2 милиони долари. Загина на само 52 години, во сообраќајка.

Во очите на јавноста, Грејс Кели го живеела сонот.
Се прослави како талентирана и убава актерка која освои Оскар, а потоа се венча принцот Раниер Трети од Монако и стана принцеза.
Живеела во раскош, се дружела со елитата и имала сè што може да посака.
Но, иако навидум бајковит, животот на принцезата сепак не бил така совршен.
Детали за животот на принцезата:
Потекнува од богато семејство
Грејс Кели е родена во Филаделфија, во многу богато семејство кое го споредувале со Кенеди.
Сепак, бидејќи биле ирски католици, не биле добро прифатени од елитата околу нив.
На угледните семејства од тој период не им било важно само колку пари има некој, туку го земале предвид и неговото потекло.
Таткото на Грејс Кели потекнувал од семејство ирски имигранти и самиот го стекнал своето богатство.
А, тоа што не бил многу прифаќан од околината не дозволувал да му влијае ни него, ни на неговото семејство.
Грејс била „црната овца“ во семејството
Сите од семејството на Грејс биле спортисти, но и екстровертни личности.
Татко ѝ бил веслач кој трипати освоил злато на Олимпијадата, а мајка ѝ била модел и пливачка.
Татко ѝ Џек очекувал и неговите деца да го следат овој пример и бил горд на три од нив, но не и на четврто, Грејс Кели.
Принцезата била многу посрамежлива, интровертна и имала проблеми со здравјето, а ова било вистинско разочарување за татко ѝ.
Па, тој не криел дека Грејс му била најмалку омиленото дете.
Грејс немала многу добар однос ни со нејзините сестри и нејзиниот брат кои во детството често ја малтретирале.
Не ја одобрувале нејзината кариера
Семејството на Грејс било разочарано кога таа изразила желба да стане актерка.
Сметале дека тоа не е достојна кариера за девојка од богато и угледно семејство бидејќи во тој период, актерките навистина не биле многу ценети.
Веројатно поради ова, Грејс не сакала да бара помош и пари од семејството за да се пробие во Холивуд.
Но, добивала помош од братот на татко ѝ, нејзиниот чичко Џорџ Кели.
Семејството не ѝ дозволувало да се пресели во Њујорк и да се запише на училиште по глума, па Грејс почнала да работи како модел за да си го плати школувањето.
По неколку улоги на Бродвеј, решила да се проба во Холивуд. За разлика од останатите актерки од тој период, на аудиции се појавувала облечена како дама, носела дури и ракавици.
И, со ова брзо им го привлекла вниманието на продуцентите и режисерите.