Принцот од Монако ја искористил за пари, не си ги сакала децата: Животот на Грејс Кели бил далеку од бајковит
Сакала постари мажи
Се зборува дека Грејс Кели имала низ афери со постари актери како Френк Синатра, кој е 14 години постар од него.
Била во врска со мажи кои се 20, па и 30 години постари од неа, а нејзиниот бурен љубовен живот до денес предизвикува интерес.
Принцот од Монако се венчал со неа за пари
Откако изгради успешна кариера и почна да заработува многу, Грејс Кели почна да се гледа со принцот Раниер од Монако.
Принцот го наследи тронот во 1949 година, по пустошот од Втората светска војна, па се справувал со сериозни финансиски проблеми.
Покрај многуте мерки што ги презел, принцот бил свесен дека ќе му треба богата сопруга.
А, Грејс Кели не бил првата богата жена на којашто помислил.
Имено, прво покажал интерес за Мерилин Монро, но откако таа го одбила, ја запознал Грејс Кели.
Актерката била убава, имала добра репутација, потекнувала од угледно семејство и, најважно, имала пари.
Па, ја побарал за жена.
Кралскиот живот не бил добар за Грејс Кели
За да стане принцеза, Грејс Кели најпрво морала да се откаже од актерската кариера, а потоа и од своето американско државјанство.
Потоа, принцот побарал голем мираз од семејството на Грејс, со изговор дека им прави чест што се венча со нивната ќерка.
Принцот побарал дури 2 милиони долари и иако татко ѝ на Грејс не бил најсреќен, сепак сметал дека ќе може да извлече некаква корист од овој брак.
На крај, Грејс и татко ѝ го платиле миразот заедно.
Покрај сето ова, Грејс морала да се согласи на тест за плодност, со цел да докаже дека ќе може да му роди наследници на принцот.
Не можела да се поврзе со нејзините деца
Грејс Кели и принцот добиле три деца, но на принцезата ѝ било тешко да се поврзе со нив.
Таа била презафатена со кралските обврски и уште откако се родиле, не минувала многу време со нив, па веројатно ова имало влијание врз нивниот однос.
По смртта на Грејс Кели и принцот, нивните деца имаат откриено дека не биле многу блиски со мајка им.
Тие имале дадилка и биле поповрзани со неа отколку со родителите.
Децата имаат откриено и дека до 14-годишна возраст, не им бил дозволено да јадат со родителите.
Грејс, пак, не криела дека е строга мајка која некогаш и ги удирала децата.
Загина во сообраќајка
Во 1982 година, Грејс Кели направи сообраќајка и загина на само 52-годишна возраст.
Принцезата била во автомобил со нејзината 17-годишна ќерка која ја носела на училиште во Париз.
Не е познато што точно се случило, но се претпоставува дека Грејс свртела нагло, па паднала во провалија со автомобилот.
Нејзината ќерка се здобила со минимални повреди, но Грејс имала сериозни повреди на мозокот.
Била пренесена во болница, но таму починала.
Спирова С. | Црнобело