Џеј Ло засенета од сестра ѝ на прослава за својот роденден – згодната новинарка мами воздишки во црн фустан со длабоко деколте
- Детали
- петок, 10 јули 2026
Џеј Ло веќе почна со прославите за 57-иот роденден, а синоќа беше фотографирана пред ресторан во Париз. Иако пејачката изгледаше совршено, нејзината помлада сестра ја засени со долгиот фустан со висок шлиц и длабоко деколте.

На 24-ти јули, Џеј Ло полни 57 години, но почна да слави уште сега, и тоа во Париз.
Синоќа (09.07) пејачката беше фотографирана додека излегуваше од луксузен ресторан во Париз, во друштво на нејзината сестра, Линда Лопез
55-годишната Линда е наградувана новинарка и обично се облекува поконзервативно.
Но, со синоќешниот аутфит успеа да ја засени и нејзината славна сестра.
Џеј Ло носеше долг проѕирен фустан со кристали и бунда со пердуви.
Линда, од друга страна, носеше долг црн фустан со исечоци, висок шлиц, како и длабоко деколте.
Џеј Ло и Линда не се појавуваат многу често во јавност, но низ годините имаат покажано дека се навистина блиски.
Линда ја има наречено Џеј Ло нејзина „прва најдобра пријателка“, а имаше период кога и двете сестри беа бремени во исто време.
Кога Џеј Ло ги доби близнаците Еме и Макс со Марк Ентони, сестра ѝ Линда доби ќерка со поранешен дечко.
Џеј Ло има уште една сестра, Лесли Ен Лопез, а во интервју од минатата година сподели дека сестрите ѝ се најблиските личности во животот.