Бебе Реџа, пејачката со дебарски корени, објави оглас за да најде татко за нејзиното бебе - Кои ѝ се критериумите?
- Детали
- четврток, 18 декември 2025
36-годишната пејачка Бебе Реџа минатото лето ја посети Македонија, а сега јавно се огласи дека бара совршен татко за бебе. За некои критериуми е скромна, но за други строга. Ги спомена и финансиите.

Музичката ѕвезда Бебе Реџа (36), чиј татко е роден во градот Дебар, по повеќе од една деценија се врати во неговиот роден крај во летото 2024-та.

Таа во Македонија дојде со семејството, па помина време со роднините, а го посети и гробот на дедо ѝ, кој се наоѓа во едно од околните села на Дебар.
Инаку, Бебе Реџа иако остава впечаток каде и да се појави, изгледа дека нема среќа со нејзиниот љубовен живот.
Таа дури одлучи преку оглас на Твитер да побара татко за нејзиното бебе.

Нејзиниот отворен повик на Твитер брзо стана вирален.
Фановите ѝ дадоа поддршка, а некои дури и се обидоа да се понудат како кандидати.

Реџа им кажа на следбениците точно што сака и што не сака кај потенцијалниот партнер.
36-годишната пејачка напиша:
„Фанови (кои ги вика Rexhars). Имате мисија. Најдете ми татко за бебе.
Еве што барам:
Изглед: Може да биде 6-ка или 7-ка (се мисли од 10), личноста е клучна за мене.
Висина: Не ми треба некој висок, само повисок од мене – 172 сантиметри или повеќе.
Работа: Мора да биде успешен и да не е мрзливец.
Мора да биде побогат од мене или барем со иста финансиска состојба. (Јас не плаќам за мажи и не сум за 50/50).
Некој кој има добар карактер, добри морални вредности и е паметен и амбициозен“.
Испратете ми опции!“

Погледнете го огласот на нејзиниот Твитер профил:




С. С. | Црнобело