Неверство, тепачка во лифт: Скандалозната љубов на Бијонсе и Џеј Зи (и зошто уште се заедно)
- Детали
- недела, 16 ноември 2025
Покрај гласините дека Џеј Зи пробувал да ја заведе на 16-годишна возраст, кога тој имал 28, овде е и неверството за кое Бијонсе напиша цел албум, но и тепачката помеѓу музичарот и сестрата на пејачката.

Иако веројатно не постои личност која не слушнала за Џеј Зи и Бијонсе, низ годините, тие мошне добро ги криеле деталите за нивната врска.
Но, некои работи сепак излегуваат на виделина, како неверството на Џеј Зи, но и обвинувањето за силување против музичарот.
Овде е и физичката пресметка меѓу Џеј Зи и сестрата на Бијонсе во лифт, која беше овековечена на снимка од безбедносна камера.
Детали за скандалозната љубов на парот и контроверзиите поврзани со нив:
Проблеми со возрасната разлика
Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе што, реално, и не е некоја скандалозна разлика.
Но, контроверзни се шпекулациите дека музичарот почнал да ѝ се додворува на Бијонсе кога имал 28 години, а таа само 16.
Бијонсе тврди дека се запознале и ја почнале врската кога таа имала 18 години.
Сепак, во интервју од 2007-ма, Џеј Зи вели дека ја запознал „пред 10 години“, односно кога пејачката уште била малолетна.
Бијонсе и Џеј Зи открија дека се пар во 2003 година, и тоа со песната Crazy in Love. Првпат се појавија како пар во 2004 година, на доделувањето на MTV VMA.
Се венчаа во 2008-ма, со интимна церемонија на која присуствувале само 40-тина гости. Тогаш пејачката имаше 26, а музичарот 38 години.
Додека да се запознаат, Бијонсе веќе беше позната благодарение на групата Destiny’s Child.
Но, бидејќи Џеј Зи подоцна станува нејзин продуцент и ѝ помага да ја лансира својата соло кариера, многумина сметаат дека ја злоупотребил својата моќ за да ја заведе пејачката.
Пресметката во лифтот на Мет гала 2014
Во 2012 година, Џеј Зи и Бијонсе ја добија ќерката Блу Ајви.
Само две години подоцна, се случи инцидент за кој се зборува до денес.
По Мет галата во 2014 година, Бијонсе, Џеј Зи и сестрата на Бијонсе, Соланж, присуствуваа на забава во хотел во Њујорк.
На снимка од лифтот во хотелот се гледа како Соланж прво му зборува нешто на Џеј Зи, а потоа физички го напаѓа.
Маж од обезбедување пробува да ја тргне настрана, но таа продолжува да клоца.
Соланж се смирува, но пред да излезат од лифтот, уште еднаш пробува да го нападне Џеј Зи.
На фотките направени откако излегуваат од лифтот се гледа Џеј Зи како се држи за лицето. Кога снимката протече во јавност, тие дадоа заедничка изјава:
„Џеј и Соланж ја презедоа одговорноста за она што се случи. Свесни се за нивните улоги во овој инцидент што се случи во јавност.
Се извинија еден на друг и како семејство, го оставивме ова зад нас“.
Иако помина повеќе од една деценија од инцидентот, јавноста уште не знае што ја испровоцирало Соланж.
Но, мнозинството се сигурни дека причината е неверство од страна на Џеј Зи.