Неверство, тепачка во лифт: Скандалозната љубов на Бијонсе и Џеј Зи (и зошто уште се заедно)

Бијонсе напиша цел албум за неверствата на Џеј Зи

Во 2016 година, без никаква промоција, Бијонсе го издаде албумот Lemonade. И, во песните потврдува дека Џеј Зи ја изневерувал, најверојатно пред да се венчаат.

Откако го издаде албумот, Бијонсе се појави сама на неколку настани, како Мет галата, па се шпекулираше дека ќе се разведуваат.

neverstvo-tepachka-vo-lift-skandaloznata-ljubov-na-bijonse-i-dzhej-zi-i-zoshto-ushte-se-zaedno-13.JPG

Следната година, и Џеј Зи се огласи за аферата:

„Знаете, повеќето луѓе би си заминале. Најтешкото нешто е на нечие лице да ја видите болката што вие сте ја предизвикале, а потоа да се справите со себе.

Повеќето луѓе не го сакаат тоа. Не сакаат да погледнат во себе. Па, си заминуваат.

Со Бијонсе почнавме да ја користиме нашата уметност како терапија. Почнавме заедно да правиме музика и таа работеше на свои дела.

Па, го издаде нејзиниот албум, наместо заедничкиот на којшто работевме“.

И покрај драмата, во 2017 година, Бијонсе и Џеј Зи открија дека очекуваат близнаци – Руми и Сер.

neverstvo-tepachka-vo-lift-skandaloznata-ljubov-na-bijonse-i-dzhej-zi-i-zoshto-ushte-se-zaedno-05.JPG

Џеј Зи се соочи со обвиненија за силување

По скандалот со неверството, Џеј Зи и Бијонсе уште повеќе ја криеја својата приватност, а и никој не ги притискаше да споделат нешто.

Но, кога се појавија обвиненијата против Пи Диди, Џеј Зи и Бијонсе повторно се најдоа во фокус поради нивното долгогодишно пријателство со музичарот.

Додека траеше судењето на Диди, и Џеј Зи се соочи со обвинение дека силувал 13-годишно девојче заедно со музичарот.

neverstvo-tepachka-vo-lift-skandaloznata-ljubov-na-bijonse-i-dzhej-zi-i-zoshto-ushte-se-zaedno-11.JPG

Наводно, инцидентот се случил на забава по доделувањето на MTV VMA во 2000 година.

Џеј Зи возврати на обвинението и побара да биде откриен идентитетот на жртвата. Изјави и дека неговиот адвокат бил уценуван и дека некој само сака да го намести.

Во својата изјава, раперот го спомна и семејството:

„Срцето ми скрши за моето семејство. Јас и сопругата треба да разговараме со нашите деца, од кои едно е на возраст кога нејзините пријателки ќе видат што се пишува и ќе ја прашуваат за овие обвиненија…

Децата не треба да се справуваат со ова на толку рана возраст“.

На почетокот од 2025-та, тужбата против Џеј Зи беше повлечена.

neverstvo-tepachka-vo-lift-skandaloznata-ljubov-na-bijonse-i-dzhej-zi-i-zoshto-ushte-se-zaedno-04.JPG

Денес пробуваат да се држат настрана од јавност

Освен на важни настани, како доделување на награди, Џеј Зи и Бијонсе како да бегаат од будните очи на јавноста.

Тие беа и на роденденската забава на Крис Џенер, но за да им избегаат на папараците, наводно влегле од заден дел на куќата.

Иако се таинствени, остануваат да важат за можеби најмоќниот пар во музичката индустрија, па сигурно не планираат да си ја уништат империјата за неколку афери и недокажани обвиненија.

neverstvo-tepachka-vo-lift-skandaloznata-ljubov-na-bijonse-i-dzhej-zi-i-zoshto-ushte-se-zaedno-07.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Детали за новата врска на Џеј Ло со колега + сите нејзини разводи и свршувачки Џеј Ло зад себе има четири разводи, а сега ја поврзуваат со колега од нејзиниот ...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Џеј Зи е неверен, Бијонсе е љубоморна: Знаци дека бракот на славниот пар нема да трае уште долго Според некои извори, Бијонсе честопати имала проблеми со љубомора и реагирала бу...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...

Најчитани неделава