Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Моника Белучи - Пркоси на сè што се очекува од една жена, а е неодолива

Моника Белучи штотуку наполни 51 година. Со својата кариера и животна приказна стана една од најпосакуваните жени на денешницата.

monika-beluci-prkosi-na-se-sto-se-ocekuva-od-edna-zena-a-e-neodoliva-01.jpg

Родена е во Италија, како дете единец. Посебната убавина и била заштитен знак уште од првиот ден, па нејзината мајка се шегува на таа сметка:

„Среќа што немавме повеќе деца, затоа што сигурно ќе беа љубоморни на Моника.“

На само 16 години прекрасната тинејџерка стана модел. Пред да се сврти кон актерството, собрабувала со Долче и Габана, а таа соработка трае до ден денес.

monika-beluci-prkosi-na-se-sto-se-ocekuva-od-edna-zena-a-e-neodoliva-02.jpg

Јавноста за прв пат ја дозна како партнерка на италијанскиот актер Никола Фарин, со кој беше верена до 1995-та година.

Откако тој станал минато, во 1996-та година Моника го запознава Винсент Касел за време на снимањето на филмот Апартман. По 3 години стапи во брак со него.

Магијата која владееше меѓу Моника и Винсент им донесе многу главни улоги.

Медиумите ги претставуваа како убавицата и ѕверот, па сите велеа дека засекогаш ќе останат заедно.

monika-beluci-prkosi-na-se-sto-se-ocekuva-od-edna-zena-a-e-neodoliva-5.jpg

Кога кариерата на Моника беше на самиот врв, таа стана мајка. Првата ќерка ја роди на самиот праг на 40-та година, а 6 години подоцна стана мајка по втор пат.

„Кога во 39-та година го родив своето прво дете, ми беше кажано дека ако сакам уште едно морам да работам на него сега, но јас не бев подготвена. По некое време сепак одлучив дека сакам второ дете, но морав да почекам. На жените кои раѓаат деца подоцна, сите им велат дека се храбри заради ризикот кој го преземаат. Но, јас не се чувствувам храбра, само среќна,“ изјави Моника за Венити Фер.

monika-beluci-prkosi-na-se-sto-se-ocekuva-od-edna-zena-a-e-neodoliva-04.jpg

Крајот на приказната за убавицата и ѕверот се распадна по 14 години.

Сепак Моника имаше само пофални зборови за својот долгогодишен сопруг: „Тој ме натера да пораснам, да застанам пред огледалото и да откријам многу нови работи за себе.“

По разводот, Моника често пати ја прашуваат како е да се биде сама во средното доба, на што таа има одличен одговор:

„Супер, јас имам необична врска сака со себе. И сакам и моите ќерки да знаат, не е обврска да имаш партнер или сопруг. Самотијата не треба да ве плаши.“

monika-beluci-prkosi-na-se-sto-se-ocekuva-od-edna-zena-a-e-neodoliva-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
Детали за врската на Том Холанд и Зендеја: Побарал дозвола од татко ѝ за да ја запроси, живеат како ... Според гласините, Том Холанд и Зендеја се свршиле за време на празниците, а биде...
Дејвид Бекам е неодолив заводник на Вимблдон, дури и со седа и проретчена коса (фото) На 49 години, Дејвид Бекам е уште центар на внимание кога ќе се појави на Вимблд...
Луксуз на јахта и романтика како и првиот ден: Милионерот Џанлука Ваки со двете најсакани жени минув... По раскошниот роденден со џиновска торта, аутфити во бело и тон прегратки, Џанлу...
Бен Афлек со нов имиџ и офарбана брада, Џеј Ло прави пауза од мажи: „Смачено ѝ е од разводи“ Додека Бен Афлек се подмладува со офарбана брада, Џеј Ло одлучила да направи пау...
Џон Кразински е најсекси маж за 2024-та: „Мислев дека ме снимаат за скриена камера кога ми кажаа“ „Ми се стемни. Мислев дека ме снимаат за скриена камера“. Со овие зборови актеро...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg