Прочитајте го писмото кое Дејвид Боуви го испратил на своја 14-годишна обожавателка

По вестите за смртта на познатиот пејач Дејвид Боуви, фановите започнаа да споделуваат негово писмо до 14-годишна девојка напишано во 1967-та година.

site-go-spodeluvaat-pismoto-na-dejvid-bouvi-do-edna-14-godishna-devojka-01.jpg

Дејвид имал само 20 години кога го добил писмото на Сандра Дод од Ново Мексико. Во него таа му вели дека од чичко ѝ го добила неговиот албум, ги преслушала неговите песни кои според неа се добри колку оние на Битсли.

Младиот музичар бил толку возбуден, што веднаш ѝ вратил на писмото.

Еве што напишал:

„25-ти септември 1967

Драга Сандра,

Пред само неколку моменти се слушнав со мојот менаџер и го добив моето прво писмо од американски фан – од тебе. Бев толку среќен што морав да седнам и веднаш да почнам да пишувам за да ти одговорам, иако Кен ми вика да продолжам со пишување на текстот кој очајно му е потребен. Тоа може да почека.

Чекав реакција на албумот од американски слушатели. Имаше прегледи на Billboard и Cash Box, но од професионални критичари, а тие ретко кога го рефлектираат мислењето на публиката, иако беа ласкави. Дури велат дека и синглот „Love You Till Tuesday“ им се допаднал. Добив копија од американскиот албум каде предната фотографија е малку жолта. Не сум толку русокос. Мислам дека задната фотографија повеќе личи на мене.

Што се однесува до твоите прашања, моето вистинско име е Дејвид Џоунс и нема потреба да ти кажам зошто го променив. „Никој нема да прави мајмун од тебе“, рече мојот менаџер. Роденден ми е на 8-ми јануари и мислам дека сум 178cm висок. Имам фан клуб тука во Англија, но ако работите се одвиваат како што треба мислам дека ќе има и таму во САД. Рано е да мислам за тоа.

Се надевам дека еден ден ќе дојдам во САД. Мојот менаџер многупати досега ми зборувал за таму, бидејќи бил повеќе пати со други артисти. Гледав стар филм на ТВ минатата ноќ именуван како „No Down Payment“, одличен филм, но депресивен ако ја прикажува реалната слика за американскиот начин на живеење. Но, нешто подоцна започнаа со прикажување на документарец за поетот Роберт Фрост и неговиот дом во Вермонт, каде сликата е попозитивна. Го направив мојот прв филм минатата недела. Трае само 15 минути, но ми понуди искуство кое ме подготви за долгометражниот кој ќе почнам да го снимам во јануари.

Ти благодарам што ми пиша и те молам пиши ми повторно и кажи ми нешто повеќе за тебе.

Искрено,

Дејвид Боуви“.

site-go-spodeluvaat-pismoto-na-dejvid-bouvi-do-edna-14-godishna-devojka-1.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Парис Хилтон се пофали дека вторпат стана мајка, 11 месеци откако откри дека со сурогат добила син Една година откако откри дека се бори со неплодност и дека доби син со сурогат, ...
Емотивен момент: Меколи Калкин и мајката од „Home Alone“ се прегрнуваат и плачат, 33 години по преми... Меколи Калкин доби ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд, а на церемонијата...
Познати личности кои не водат грижа за личната хигиена Мајли Сајрус самата изјави дека за време на локдаунот поради пандемијата, во пер...
Што носеа ѕвездите на Златни Глобуси 2024? (фото) Марго Роби беше вистинска Барби во долг розов фустан, додека од мажите дефинитив...
Џеј Ло откри зошто ѝ требале 17 години за да му даде втора шанса на Бен: „Се заколнав дека ќе остана... По големиот број пропаднати врски, Џеј Ло вели дека планирала засекогаш да остан...
Најскапите модни изданија на познатите дами на црвениот тепих Знаете ли дека впечатливиот жолт фустан што Ријана го носеше на Мет галата во 20...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg