Најскапите модни изданија на познатите дами на црвениот тепих

Знаете ли дека впечатливиот жолт фустан што Ријана го носеше на Мет галата во 2015-та денес се проценува на три милиони долари?

najskapite-modni-izdanija-na-poznatite-dami-na-crveniot-tepih-01.jpg

Кога само накитот им чини неколку милиони, за познатите дами не е недостижно да се појават на важен настан во аутфит кој вреди цело богатство.

Секако, овде се и скапите дизајнерски фустани што ретко кој може да си ги дозволи.

Нормално, познатите дами не трошат по неколку милиони само за еден настан и обично имаат соработка со дизајнерите, па носат нивни креации.

Кои се најскапите модни изданија на славните на црвениот тепих?

Гвинет Палтроу на Оскари 2012

На Оскарите во 2012 година, Гвинет Палтроу се појави со бел фустан на брендот Tom Ford.

Таа носеше и белегзија изработена од 2.300 дијаманти, па целиот нејзин аутфит се проценува на околу 1 милион долари.

najskapite-modni-izdanija-na-poznatite-dami-na-crveniot-tepih-02.jpg

Блејк Лајвли на Мет гала 2018

Убавата актерка се појави на настанот во раскошен Versace фустан за кој наводно биле потребни 600 часа да се изработи.

Покрај тоа, носеше и смарагдни обетки, круна и впечатливи прстени и белегзија, а целиот аутфит се проценува на околу 2 милиони долари.

najskapite-modni-izdanija-na-poznatite-dami-na-crveniot-tepih-03.jpg

Ријана на Мет гала 2015

Ријана можеби беше мета на шеги со впечатливиот жолт фустан, но тоа не значи дека креацијата не чинела цело богатство.

Фустанот е дело на кинеската дизајнерка Гуо Пеи и тежи 25 килограми.

На дизајнерката ѝ биле потребни две години за да го направи, а користела само материјали со врвен квалитет.

Првично фустанот се проценувал на околу еден милион, но откако го облече Ријана, денес се проценува на речиси три милиони долари.

najskapite-modni-izdanija-na-poznatite-dami-na-crveniot-tepih-04.jpg

Џеј Ло на Мет гала 2019

Уникатниот фустан што Џеј Ло го носеше на Мет гала во 2019-та е од брендот Versace.

Пејачката го искомбинира фустанот со дијамантски украс на главата и дијамантски накит, па целиот аутфит што го носеше се проценува на дури девет милиони долари.

najskapite-modni-izdanija-na-poznatite-dami-na-crveniot-tepih-05.jpg

Ен Хатавеј на Оскари 2011

Valentino фустанот на Ен Хатавеј го подели мислењето на јавноста, но сепак чини над 100.000 долари.

Но, многу поскап е дијамантскиот ѓердан од Tiffany and Co. кој вреди 10 милиони долари.

najskapite-modni-izdanija-na-poznatite-dami-na-crveniot-tepih-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Брчки, подбрадок: Како изгледаат лицата на славните на Мет гала 2026, без Фотошоп и филтри? Без Фотошоп и бројни филтри, Крис Џенер сепак не изгледа како жена со 40-тина го...
„Парада на кретени“, „матурска за славни“: Познати личности кои ја презираат Мет галата (но не ја од... „Нема да одам никогаш повеќе! Мислев дека ќе биде гламурозно и убаво, но само бе...
Мет Дејмон (54) го покажа мускулестото тело на јахта со сопругата + која е тајната за нивниот среќен... Мет Дејмон го покажа неговото фит мускулесто тело на 54 години, додека ужива на ...
Жена пукала со пиштол кон домот на Ријана додека пејачката била внатре – хеликоптер и полициски вози... Жена на возраст од 30-тина години од автомобил испукала неколку куршуми кон домо...
Ким Кардашијан се кае за фустанот на Мерилин Монро: „Нагло ослабев, си ја уништив косата, за само 10... „Не можев да седам во автомобил. Никој не смееше да ме допре за да не го оштети ...
(Непријатни) моменти што ја одбележаа Мет гала 2026 + најсмешните твитови за настанот Мерил Стрип, Зендеја, Бела Хадид и низа славни личности го бојкотира настанот би...

Најчитани неделава