Жена пукала со пиштол кон домот на Ријана додека пејачката била внатре – хеликоптер и полициски возила пред нејзината раскошна куќа (фото)
- Детали
- понеделник, 09 март 2026
Жена на возраст од 30-тина години од автомобил испукала неколку куршуми кон домот на Ријана. Пејачката уште се нема огласено, но била дома кога се случил нападот, а пред нејзината куќа се гледаат полициски возила и полицајци. Додека трае истрагата, тие ја затвориле и улицата пред раскошниот дом на Ријана.

Во недела (08.03) попладне, Ријана била мета на вооружен напад – жена истрелала неколку куршуми од пиштол кон куќата на пејачката од автомобил.
38-годишната пејачка била дома, а според досегашните информации поминала без повреди.
Жената која пукала имала околу 30 години и веднаш била уапсена, а засега не е познато зошто ја нападнала пејачката.
Исто така, не се знае и дали Ријана била дома со трите деца и партнерот Ејсап Роки или била сама.
Американските медиуми споделија и фотки од улицата пред домот на Ријана каде што се гледаат неколку полициски возила и полицајци.
Додека го истражуваат мотивот за нападот, тие ја затвориле и улицата на која се наоѓа куќата на Ријана.
Пејачката засега се нема огласено за инцидентот, но на нејзината последна Инстаграм објава, фановите веќе ѝ упатуваат поддршка:
„Се молам за тебе и твоето семејство“.
„Само што прочитав за пукањето во твојот дом. Само сакам да ти кажам дека се радувам што ти и твоето семејство сте добри“.
„Добра си? А децата? А Ејсап Роки?“
„Ти испраќам љубов и се молам за тебе“.