Џорџ Клуни открива како ја запросил Амал: „Потребни ѝ беа 25 минути да каже Да“

Долго време се чинеше дека Џорџ Клуни никогаш нема да биде во брак, но пред речиси година дена тој го кажа судбоносното „Да“ со Амал Аламудин.

dzordz-kluni-otkriva-kako-ja-zaprosil-amal-01.jpg

На спектакуларната свадба ѝ претходело романтично запросување, но работите не се одвивале така лесно.

Во шоуто на Елен Деџенерис, Џорџ Клуни го објаснува чудното запросување кое иако долго време го планирал, не се случило онака баш како што планирал.

„Размислував 6 месеци пред да ја запросам. Тоа беше еден од оние страшни моменти. Претходно не зборувавме за венчавка и дали би го направиле тоа или не...“ - вели Клуни.

Самото запросување не било спонтано, но сепак не се одвивало по плановите на Клуни. Подготвил храна, прстенот го сокрил, се погрижил за музиката и чекал својата избраничка да се врати од Лондон.

„Сè испланирав. Го сокрив прстенот, ја спремив музиката, а таа по вечерата оди да ги мие садовите, а тоа никогаш не го направила. Потоа ја изгасив свеќата и ја замолив повторно да ја запали. Ѝ реков дека запалка може да има во кутијата покрај неа. Ја зема во раце кутијата ја отвора и ме погледна чудно и ми рече: Прстен е ова...“ - објаснува Клуни.

На почетокот воопшто не можела да поверува во ситуацијата. Поточно, Клуни чекал цели 25 минути за да го добие одговорот.

„Клекнав на колено и почнав да ѝ кажувам како не можам да го замислам животот без неа, а таа ме гледаше чудно. Цели 25 минути не можеше да сфати што се случува. Имам 52 години, можам да си го искршам колкот ако продолжам да чекам на колено... И рече да“ - заклучува тој.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс се породи - Доби ќерка со Машин Ган Кели, среде љубовните драми и неговите контакти со др... Машин Ган Кели објави видео како со налакирани, излупени нокти ја гали новороден...
Последните денови на Џин Хакман: Имал деменција и цела недела гладувал, откако сопругата починала од... Бидејќи имал напредна фаза на Алцхајмерова болест, Џин Хакман не бил свесен дека...
Како омилените близначки од 90-тите го избегнаа проклетството на младите ѕвезди на Холивуд? Мери-Кејт и Ешли Олсен беа најбараните деца-ѕвезди во Холивуд во 1990-тите годин...
Син му е обвинет за силување девојка со негова помош – Кои се 7-те деца на Пи Диди кои ги има од 4 ж... Едниот од синовите на Пи Диди, Кристијан, беше забележан во ноќен клуб само два ...
Познати личности кои драстично ослабеа годинава (и како) Миа Костова откри дека ослабела 17 килограми за 10 месеци со броење калории. Кои...
Вознемирувачко видео по обвиненијата за силување: Пи Диди ја удира бившата откако пробала да избега ... CNN објави вознемирувачко видео од 2016-та на кое се гледа како раперот Пи Диди ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg