Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто Новак Ѓоковиќ не сака да биде пример за својот син? (видео)

Новак и Јелена Ѓоковиќ се една од најпознатите двојки ширум светот кои за CNN зборуваат за Србија, за тешкото детство, војните...

novak-i-jelena-gjokovikj-za-vojnite-srbija-i-sinot-zoshto-nole-nema-da-bide-primer-za-stefan-01.jpg

Новак и неговата сопруга се појавија на емисијата „Open Court“ за специјално интервју за време на последното нивно престојување во Белград.

„Последиците од војната се чувствуваа долго. Периодот од 1991-та до 2001-та година се можеби најтешките години во нашата историја. Имавме војна на почетокот на 90-те, потоа бомбардирање, а во меѓувреме санкции. Луѓето чекаа за основни производи во ред. Последиците од војната натераа многу луѓе на жртва и да импровизираат“ - објаснува двојката.

„Како малечок сонував да бидам најдобар во светот, а во тој период овој сон беше сè само не реалистичен, ако се земат предвид околностите во кои пораснав. Моето семејство многу ризикуваше за јас да имам услови да станам тенисер“ - вели Новак.

Јелена дава интересен коментар:

„Чувствувам дека мојот сопруг е најдобар пример, но мораме да најдеме друг спортист кои ќе биде пример на мојот син. Бидејќи, тој му е татко, а на децата влијаат другите и едвај чекам да видам кој ќе биде тој кој ќе биде свесен дека е нечиј друг пример поради своето однесување“ - истакнува таа.

Во центарот на вниманието била нивната Фондација Новак Ѓоковиќ која им помага на децата.

„Доста работа имаме во фондацијата и нема да запреме. Сега градиме иднина. Новак сега има моќ и глас да ја подигне свеста за тоа, а во иднина можеби нема да имаме можност за тоа“ - додала Јелена.

Колкава е моќта на спортистите ширум светот?

„Има многу спортисти кои се залагаат за промени, а некои можеби не сфаќаат колкаво може да биде нивното влијание. На радар сте, како во Големиот Брат. Благодарение на социјалните мрежи, сè што правите се забележува, но на тоа гледам како на привилегија и платформа да направам позитивна промена“ - вели Новак.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го изневерувала сопругот за да ја остави, во врска е со милионер – Која е манекенката што позираше б... Таа е на прагот од 50-тата година. Отворено зборува за своето скандалозно минато...
Зависности, брак од 6 дена: Проклетството што ги следи актерите од „Сам дома“ Актерот што го глуми Баз, брат му на Кевин, беше обвинет за семејно насилство, н...
Холивудски ѕвезди кои глумеле со своите деца или родители во ист филм Дали знаете дека Румер Вилис како дете глумела во ист филм со нејзината славна м...
Ја обвинуваат, а тој најмил проститутки и се забавувал - Зошто девојката на Лиам Пејн е неутешна по ... „Не можеш да се грижиш за возрасен 30-годишен маж 24/7, 365 дена во годината“. П...
Чудниот љубовен живот на Лана Дел Реј - Скромна свадба со водич на тури со крокодили, врска со полиц... Еден месец откако ја потврди врската, Лана Дел Реј се венча со 10 години постар ...
Колин Фарел планира да го смести болниот син во установа: „Тоа го правам од љубов“ „Некои родители ќе речат: ‘Сакам да се грижам за моето дете’, и јас го почитувам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg