Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Прво интервју на Џенифер Гарнер по разводот: „Бевме раздвоени со месеци пред да дознаам за дадилката“

Џенифер Гарнер и Бен Афлек ја објавија веста за развод по 10 години брак, а во првото интервју за Vanity Fair Џенифер ја споделува својата страна од приказната.

prvo-intervju-na-jennifer-garner-po-razvodot-nikoj-ne-treba-da-go-mrazi-ben-aflek-za-mene-01.jpg

„Еден ден пуштив CNN и таму бевме. Не можам да го правам ова повеќе. Минатото лето си ветив дека ќе останам тивка. Апсолутно не знам што се случува. Бен вели: Не се грижиш, а јас велам: Не, баш е спротивното. Многу ме повредува затоа што премногу се грижам.“

Џенифер никогаш не очекувала дека бракот ќе се распадне.

„Ова беше вистински брак. Не беше заради камери и слава. И беше огромен приоритет да останам во него. А, сепак не успеа.

Не се омажив со него затоа што е голема филмска ѕвезда, се омажив за тоа што е. И никогаш не би ја поништила таа одлука. Шетав покрај плажа со него и повторно би го направила тоа. Тој е љубовта на мојот живот. Сега што ќе правам со тоа?

Тој е најбрилијантната личност, најхаризматичната и најдарежливата. Само, тој е комплициран човек.

Секако, ова не е тоа што го мислев кога правевме романтични прошетки покрај плажа, но моментално тоа е моето мислење. Сè уште треба да си помогнеме да го надминеме ова. Тој е единствената личност која ја знае вистината за целата ситуација. И јас сум единствената личност која ги знае неговите тајни и вистини.“

Како причина за разводот се наведуваше дадилката Кристин, но Џенифер Гарнер има поинаков коментар на таа тема:

„Бевме раздвоени со месеци пред да слушнам за дадилката. Таа немаше никаква врска со нашата одлука да се разведеме. Лоша проценка? Да. Не се грижете, моите очи беа широко отворени додека бев во брак.“

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Скандалозно: Шаманот што се ожени со норвешката принцеза призна - орално задоволувал клиенти на дух... Не сопираат скандалите со сопругот на норвешката принцеза. Тој признава дека „зг...
Ријана пресреќна на концерт на Мараја Кери – доби автограм на градата, му „тверка“ на дечко ѝ (видео... На последниот концерт од божиќната турнеја на Мараја Кери, во публиката беше и Р...
Највпечатливите моменти од Оскари 2025 - Адам Сендлер како „бездомник“, Хали Бери страсно го бакна Е... Kaјли Џенер првпат присуствуваше на Оскари, покрај нејзиното момче, актерот ...
11 деца кои се мини копија на своите славни родители Ајви Блу го зела најдоброто од мајка ѝ Бијонсе и татко ѝ Џеј Зи, додека Норт Вес...
„Иди у …“ – Хит-видео од Бред Пит како го пцуе Клуни на балкански начин во најновиот филм Двајцата извадија пиштоли, спремни за пресметка, и додека хрватскиот актер Златк...
Кејт Мидлтон по хемотерапијата се враќа со стил - модно усогласена со Вилијам на настан Кејт Мидлтон го преживеа најтешкото, зад себе ја остава борбата со ракот и продо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg